Гордана Михаилова Бошнакоска. БЕСКОНЕЧНОТО ПТИЦИ Еден ден кога изгубив сè се вратив повторно кај вас за да раскажуваме за деновите кои дамна минаа. Ние бевме напуштени и од сонцето и од ветерот и од земјите и од водите благи што некаде порано низ нашите раце играа. Мали мои претскажувања вие сте единствени што летате по небото и јас ве гледам, долго ве гледам како светите над мојата глава минувајќи низ гранките, низ оние високи тополи што во ветерот го означуваат кругот на постоењето. Тој го одредува нашиот почеток во денот и ноќта, тој го означува нашиот чекор тој е тој единствениот што над нашите глави ги обновува сенките на месечината и сонцето. Тој е тој што единствен го знае бројот на ѕвездите, тој е тој што од нашите раце бега и долго ни се крие пред очите, пред желбите, пред нашите долги молби. Вие останувате над мене, вие се криете во менe, вие бегате од мене, во оние сини води што под моите нозе го образуваат кругот го создаваат водениот месец, потопот, земјите. Вие таму исчезнувате и повторно излегувате мали, сини, убави, бели. Каде да ве пронајдам уште еднаш, во овој зашеметен ден кога ветерот не го знае својот почеток, кога сонцето не знае на која страна треба да зајде, а јас тука стојам на овој патоказ и треба да го одредам тој почеток тој крај, треба да го одредам денот треба да ја одредам ноќта, а јас сум немоќна, јас сум слаба, пред овој порој, пред ова време полно со ветрови, полно со жеги со сонца што ли, што ли треба да се пронајде за да се побегне од оваа бесконечност на постоењето за да се побегне од ова време што го заплашува човекот и мене, толку мала толку сама. ДОАГАЊЕТО НА ПРОЛЕТТА Знам, сега треба да дојде некој што долго се криел, во нашите раце и нашите тела. Тие чувства се негде во последниот снег што над покривите тивко спие, тие се негде во почетокот на она доаѓање немо што само птиците го знаат и го носат на своите крилја. Ние сме неми пред тој порој од ветер и звуци, ние сме неми пред овие птици и дрвја и треви. Уште еднаш надоаѓаат овие луди реки и знам дека пролетта е таа што игра со нас во нашите мисли и нашите лета. Во мене спие коренот на малата тага љубовта на нежните срца ветерот на денот што бега, Во мене спие белиот облак малата свирка што доаѓа од некој скриен предел од оној дел на мојата сенка каде се раѓа коренот на малата тага. Овде негде во ова време што го сакам и не сакам, што го имам во моето срце во целата мене спие и се раѓа една пролет што ме мами и бега, што е моја и кој знае уште чија, што е цела и тажна и сепак во моето срце што спие. ИЗВОРИ Четири бели вулкани излегуваат од моето срце одат таму каде никој не се состанувал со нив и долго го означуваат своето постоење на географските карти а ние остануваме неми пред нивните солзи што во нашите мисли ги откриваат сенките на птиците и цветовите. Какви се тие долги ноќи што некаде одат, а стигнуваат само до вашите очи? Какви се тие зелени слики што вас ве мамат, а стигнуваат само до првата буква на вашето име? Волшебните свирки го зашеметуваат ветрот, а вие бегате во нивните мали земји каде се состануваат пијаните пејсажи, каде се собираат изгубените јата на нашите мисли. Вие го почнувате и свршувате долгиот пат на вашиот живот во некои скаменети земји каде секој го бара своето изгубено име. Го носите вие тој изненаден спокој што долго го крие светот на вашата мисла. Бегате и се појавувате како мали сгаишта, а сепак постоите за да ве откриваат, за да ве вознемируваат, за да ве одбегнуваат, за да ве пресушуваат, вие мои раце, вие мои сенки, вие мои убави топли води. Ги кријам сите ваши имиња во тајниот свет на моето срце. ве пресоздавам со малата помош на времето што мине, ве обновувам преку мислата на долгиот снежен пат и ве губам, за секогаш ве губам. ВО СОНИШТАТА НА МИРНИТЕ МОМЧИЊА 1. Ги изодев сите мали патишта покрај реката и таму во зелените жита меѓу реката и планината го открив синиот цвет. Сите заспани момчиња ги разбудувам со тивко дување во трепките. Таму го ставам моето оино цвеќе што пред малу во житата го берев. О, колку убаво се разбудуваат тие со сино цвеќе во очите! Се плашам од соништата на момчињата, а не знам што да правам за да ги залажам во нивното разбудување. Тоа мора да биде тивко разбудување без викање, за да може воздухот свиен околу нив, да ггоигра и со мојата коса. Минатата ноќ скитав во сонот на некое мирно момче и бев толку тажна кога тоа скитање се сврши со едно просто разбудување. 2. Те дочекувам, мое мирно момче пред вратата на мојот син сон, пред почетокот на сивата темнина, пред прагот на мојата љубов и моето срце. Те дочекувам, мое мирно момче меѓу белите цветови што ми прелетуваат меко низ усните и косите. Ти доаѓаш тивко и јас мислам, дека си ти синиот дух од езерото што благо игра околу моето тело. Ти доаѓаш, мое мирно момче како син синчец во зелените жита, а мирисаш на иевен со влажни лисја. Стојам над влажните лисја и ги бројам твоите доаѓања. Ти, мое мирно момче заедно со мене и со моите очи на срцето влегуваш како бледа светулка во мојот сон што секоја ноќ бега од тебе. Колку е убаво тоа што оваа ноќ се вселуваш во мојот сон и мојата тивка желба. 3. Се разделуваме кога првите автобуси минат по улицата, кога ластовиците од мојот прозор ги отвораат клуновите. Јас со благ насмев те задржувам зад трепките и те измамувам покажувајќи ти лажни патишта. Ти бараш да излезеш, а јас ги бројам твоите насмевки што од очите ти излегуваат и влегуваат низ тајните ходници на моето срце. Сепак се измамувам и ти низ трепките ми бегаш и се така ми се насмевнуваш додека сосема не влезе проѕирната светлина во моите очи. Денот ги свршува нашите тајни прошетки низ сонот. Ти одиш, мое мирно момче на еден долт полуостров, се криеш од денот и моите повици. Се криеш во изворите и водите, а јас те барам како мала риба пливајќи долго по сите реки... Така мојот ден свршува, до големото море во кое потонувам, а ти во алгите ме чекаш. Ме чекаш мене, мое мирно момче. Колку е убаво тоа дочекување на дното од големото море. АВГУСТ Ти си тоа изненадување што ми го претскажуваа времињата и тајните пророчници на зимата. Ти си тоа залутување што ми го откриваат морињата, со зелени брегови во далечните со птици и цвеќе. Ти ли си таа сенка на годината што долто време ме следи и ништо не може да стори за да се ослободи. Ти ли си тоа изненадување тоа тешко време што воздухот го дебне. Ти ли си тоа лошо претчувство, ти ли си тоа светло, тој порој, таа жолта шара од води, таа сенка што долго време ме следи и никогаш никој што нема да ја види што нема да ја сфати, единствена летна жего. ГРАДОТ Во ова дно има безброј мали езера и сонца, безброј месечини и ѕвезди, многу тивки стрели што од денот го прават најсмешниот патник најтуѓиот близок. Во ова дно што врие и тече има безброј мали сенки и жито и цвеќе и очи што меѓу треви спијат. Се во ова немирно дно на струи тенки се смее и плаче пред денот што се раѓа и ноќта што тече. Тука некаде се кријат сите буби и сенки сите мали сништа сите сини вреви градот што го печат и по покривите спијат со белите птици. Во ова дно се губи сиот вжештен пекол кој во жолта струја тече, и во смешна игра спие со сонцето и ветрот. НОЌЕН СКИТНИК Во кој дел од светот може да го пронајдам ноќниот скитник? Милиони лица излегуваат пред мене задскриени од ветровите. По сите долини шетаат моите желби, а него го нема. Се спремам за голем пат, а свршетокот не сакам да го знам. Ќе поживеам уште некој ден, додека ја извадат потонатата галија. Волшебните звуци од неговите чекори ме мамат. Потонувам и од мене излегува некоја тивка темнина што оди по него. Сега галијата стои пред мене и се плашам да гледам во неа зошто некое завивање од рог ме повикува да се вратам назад. Некаде низ маглите и ветриштата го гледам ноќниот скитник, како ми се насмевнува, а во мене голем пламен нараснува. Ги собирам сите дождови, сите реки и мориња, целата вода на светот, а тие магепсани се вртат околу мене. Пламенот уште трае, а јас само се насмевнувам. Каде да се најдеме ноќен скитнику, кога сите дворци и кули ни ги уништи времето? Опкружуваат големи воздушни прстени околу нашите глави и толку нè застрашуваат што онемуваме. Моите камења се истураат врз мене. Останувам затворена во оваа камена кула додека ти не дојдеш. Те препознавам по белата светлина што се шири по покривите. Ако заборавиш и се појавиш дењe меѓу камењата, твоето црнило ќе ги растури ѕидините и јас ќе бидам во нашиот воздух. Колку посивуваат овие дрвја околу мене, а воздухот трепери под жешкото сонце. Ме разбудува нежноста од твоите зборови и немам сила да се борам, а ти се криеш во некои чудни треви полни пламен и бел чад. Те пронаоѓам од кога осетив дека си ги дувнал трагите зад себе. Ова е твојата грешка. Јас го познавам твојот здив и миризбата на твојата кожа. Пламенот уште трае, а јас само се насмевнувам. ВРЕМЕТО ГО НЕМА Изгубени се нашите денови и твоите и моите заедно се шест набабрени зрна, а кога кожата ќе испука заедно со жедноста на земјата, јас ќе ти подарам две мали јаребици. Ти ме оплеменуваш со твојата искра на разбудено стадо, а јас градам мала кула во мене. Тогаш посакувам да бидеш пленик до лудост опиен во мојата кула на врвот од највисокиот брег на нашата Пакленица што ја видовме еднаш кога мислите мои скитаа по темнината. Јас те гледам секое утро на врвот од сите трендафилови лисја, и не знам што да побарам од земјата дарежлива кога си ти на другата страна на нејзините желби. ЗИМА Ме боли оваа мека сенка во моето око. Овој бел предел, овие тивки води што некаде одат низ моето тело, низ мојата рака. Каде ли одат овие крилја што болат? На оној брег пред моите раце се топлат тивко моите птици што играат мирно во моето око, што беа мои во моето око. На оној брег пред моите раце расте малиот ветер со име на лето со име на скриени болки во моето срце што се губи. Каде се крие тишината нема што в уши може да ѕвони? На брегот од некоја река на усните од неној цвет или длабоко во нас, во ноќите бели што некогаш може да не земе тивко сосема тивко и еден ден да не нема веќе. НОЌНИ СРЕДБИ Секое утро го испраќам патникот по долгите патишта, а навечер го дочекувам в сон, со бело цвеќе. Во некои разурнати градови се среќаваме и по малите улички правиме паркови. Моето цвеќе никогаш не овенува и во него е собрана сета месечина, што шири светлина по патиштата на бубачките и малите ѕвона над портите. Нашите средби почнуваат и свршуваат на белите полиња, во правот на цветовите, зад речните корита, низ многуте градови, во влажните долини, насекаде низ воздухот и ветерот во смирените пејсажи на езерата, во моите очи и во мене. Пролетните ветрови носат солзи во очите твои, а потем бегаме во долината на тајните срца. Нешто чудно мислиме кога ги гледаме птиците. Јас им ги пребројувам крилјата и откривам дека имаат повеќе од две. Какви измамници се птиците! ВО СКРИЕНИТЕ ТОЧКИ НА ПЕСНАТА На ова место треба да се состанат сите води што ги има и што се подготвуваат да одлетаат. На ова место треба да се состанат сите заборавени песни и тука долго да ги бараат имињата на залудените творци. Овде во овој крај каде сите одат без да го знаат топлиот здив на жешките води, те носам моја нема слико со бел допир во око и барам да зборуваш, барам да ме препознаеш барам да ме изненадиш во некој ден кога сите твои води се повлекуваат пред моето доаѓање и ме залажуваат со исчезнување, а јас знам дека ти ги гледаш моите бели чекори во облаците, и јас знам дека за ништо на светот (и овој мој и оној твој) нема да се скриеш, а кога доаѓам до тебе тебе те однесле други, тебе те изненадиле моите неми претчувства. ДАЛЕЧНИ ЗЕМЈИ Моето мирно лето во планините го однесе сеќавањето на загубените денови во испиените чашки на малиот свет под нозете. Пред мене беа сите извори со слатка вода што ме растопуваа како мала ноќна трева. Потем отпловив во некои непознати земји што и денес збунета ги барам на географските карти. Дали еден ден ќе го разберам нивното постоење? Или сè така тие ќе шетаат низ малите облаци како непознати предмети од соништата. ДЕНОВИ ВО ПЛАНИНАТА Во цветните долини расте мала кула од сонце. Некои мали бубачки летаа околу песочниот рид. Децата закопуваа една мравка. По сините патишта на сонот сите дрвја се заколнуваа, а темнината излегуваше од нивните пукнатини влажни од време и зелен. На проѕирните крилја од коњот дојде оној одмаздник со сребрен нож, што од здивот стана месечина и како мал детски балон, отиде заедно со ветриштата и леталата. Сите крушки имаа бела боја, а во тревата почнуваше да 'рти синчецот. Во сликите на пијаните пејсажи, одѕвони изгубениот глас полн со темнина и пороен како највесел извор в шума. Болните цветови ми нанесуваат последен удар во очите. Каква средба да му ветам на ветерот, кога во мене пламен расне. Тој нема сила што осветлува, а темнината толку длабоко навлегла во очите и сите повици за помош, се губат во чашките, во корењето, во онаа сина долина полна стаклени ѕвона бели од утро. Во деновите кога големите снегови се топеа над планините, во влажните долини 'ртеа нашите мали деца. Бубачките ги прославуваат празниците на вечното разбудување и избираа војсководач за долгите војни, што ги носи летото. Тоа време полно темнина беше претворено во долга поларна ноќ, а ние игравме по врвовите на малите лисја и ја баравме љубовта што скиташе низ воздухот. Во влажната долина полна струги и извори, ни соградија кули пајаците и ние се довикувавме низ проѕирноста. Седумте разиграни месечини го плашеа 'ртењето на нашето потомство. Дали може да се преболи оваа сина планина? Од онаа страна на врвовите стои скриено летото и тоа е што не измамува и тоа е што нè носи во долгите војни. Нашите изморени стапки се мешаат со правта и воздухот. На дофат ни се цветовите полни опојни миризби, под нивните чашки расте нашето летно живеење. Ние сме како годишните времиња, заедно со нив го прославуваме патот на младата месечина. МЕСЕЧЕВИТЕ МЕНИ Го откривам името твое во врвовите на дрвјата, а мојата душа трепери во младите лисја на ветерот. Во првите пролетни менувања ги откривам топлите ветрови како ми шетаат по образите и го обновуваат телото. Во овој предел на буење и губење го откривам скитникот што секоја ноќ ми ги сплетува соништата и ме затвора во неговите сини долини. Тука, во овој свет на треперење се губам и пронајдувам како воздух, како ветер, како морска струја како мал сончев бакнеж в бура. Во врвовите на најтанките нешта го продолжувам патот и играм со тивките води со малите бели дамки на дождот со цветниот прав и пчелите, со сите тревки и сини бури со се што ми носат врвовите на белите дрвја. Тука во овие криви, извиени струи го свршувам и почнувам моето живеење. ЕЗЕРО Овде негде во оваа тажна вода се крие мојот сон, мојот мал син цвет, моето скришно око, мојата тивка сенка. Овде негде во овој воздушен проетор спие мојот скинат корен, мојот почеток во ден и ноќ во млаки и ладни струи. Овде негде во дното на постоењата се крие мојот крај мојот таен предел, каде денот и ноќта во една тшпина спијат и шепотат за доаѓањата на годишните времиња што треба мене да ме збунат. СВЕТЛИНАТА НА МОЕТО МЕСТО Ветерот во големите долини играше со сините бубачки, и таму га почнувавме обновувањата на корените и цветовите. Ти остануваш секогаш неизменет, а јас се пронаоѓам шжнаква од вчера во воздухот што оди низ времето. Залудно ги држиш моите корени, тие остануваат во твоите раце, а јас повторно бегам со песокот, со водата, со пролетните игри на дождот. Се изгубувам во времето и игрите на годините. Тешко е да останам на едио место каде сè се смирува. Ме заморуваат тивките води, што меко влегуваат во крвта и носат слатко пијанство. Ова ,не е вистинокото место на сините долини каде може да се обновуваат карените и цветовите. Тоа место е некаде длабоко во мене скриено како мала бела светлина МАГИЈАТА НА СОНОТ Во светот каде малите треви раснат некаде во времето меѓу денот и ноќта на малиот дел од земјата кон сонот се шират сините светла на туѓите нешта што мамат и блескаат што влечат до бескрај. Тука се губи нашето око и скита меко во самите нас нако тушнец некој што открива луѓе во нашето тело и разговара со нив за скришните нешта што во нашата душа длабоко сгагјат. Се тоне меко во некоја рака се играат игри на нечие чело. Во некоја магла во некој ветер, се открива целиот свет на усните од некое дете, на лисјата од некој цвет и сето тоа во еден миг се топи како сончев меур в око. КАКВИ СЕ ТИЕ ЧУДНИ СЛИКИ Над нас во својот пат се судираат зелените месечини и ние само ги пребројуваме измамите на времето. Тешките сини води некаде далеку одат, без најмала надеж за повраток. Во дното на некои неми бунари се крие водата и сите ѕвезди се собираат во нема свеченост зад нашите чекори. Со претчувство на птица го одбегнувам патот на светлата точка и се оди по мојата сенка не гледајќи ме, не допирајќи ме, само оди со претчувство што и јас го имам. Ние одиме криејќи се едни од други, без и најмал бол, а тоа е она што не намамува во овој долг ден, да го продолжиме во денови, да го продолжиме во години. ПЕСНА ВО НЕДЕЛА ПРЕДВЕЧЕР Кога не знам што да ти кажувам зборувам за дождот и птиците, а ти немој да мислиш за доаѓањето на изгубените нешта што ги носи пролетта. Тие еден убав ден полн со сонце ќе излезат пред нас и нема да знаеме дали сме в сон или е тоа сосема вистинско нешто. Во овој ден на неоткриени убавини ги губам тивхо сите делови од телото, а во мене е само чадот на создавањето што смирено се растопува во воздухот и ветерот. Така олеснета одам на сите места што во тажните моменти на размислување помислувам дека еден ден сум ги видела и веќе не е потребно јас да сум во нив, доволно е мојот чад да се прошета во нивниот простор, да им ги помилува облиците и тие да навлезат во мене како заробеници на мојот поглед, на мојата мисла, на мојата рака. Ме зачудуваат тие мали нестварности, а патот на нивното доаѓање останува тајна за мене. Никогаш не можам да го одредам времето на нивното доаѓање, па не знам дали е тоа кога зад затворените очи работите ги губат своите постојани облици, или е тоа кога малата мрежа од воздух го зашеметува видот и се оди во некоја тивка темнина каде што се губи смислата за постоењето, а чадот тогаш излегува и јас повторно ги обновувам тајните патишта во мене и во малите сини слики. МЕЃУ ПРОЛЕТНИТЕ ДОЖДОВИ И ЖОЛТИТЕ СТРУИ НА СОНЦЕТО Во првите чадови на земјата го откриваме малото постоење на мравките и бубачките и избираме крал меѓу птиците за да му го подариме цветот од првите поројни дождови. Во игрите меѓу дождовите и цветовите се обновува секое доаѓање на пролетта, во оној предел покрај реката, во оние разлеани води. Таму израснува тивкото чекање и ние гледаме како пред нашите очи се создаваат сите цветови, се потпалуваат сите дрвја од молњите и малите небесни струи. Сè гори во овој мал предел покрај реката, во водата и околу неа, а ние стоиме толку неми во тоа чудо од горење и пламен. Па не можеме да ги скриеме насмевките дека оваа пролет доаѓа со огнови и тивки разлеани води, што упорно го заземаат овој мал предел. Со вода околу нозете ја чувствуваме заштитата од дождовиите лисја, што ни ги обвиваат телата. Сè наоколу 'рти во жолтата вода, во овој крај на ѕвона, во овој електричен свет на запалени дрвја, а ние остануваме како мали островски врвови и ги одбројуваме часовите на годишните времиња. Го пронајдов цветот на малите игри што се шета по светот и ги открива скриените и напуштени рудници за расцветаните дождови. Сите птици се собрани во оние сини кули над градот, во местата на недовршените средби. Низ камењата и тревите израснаа мали езерски билки и таму меѓу песните на полските птици и жолтите треви, се шетаат малите деца на бубачките. Низ белите свирки на ветерот и воздухот, низ раширената вода, го пронаоѓам цветот на малите игри. Во песокот на езерските води брановите меко го разурнуваат брегот на претопување и испарување и се се менува во овој свет се, дури и ние се пронаоѓаме како лебдиме во стаклениот воздух на облаците, а во нашите раце расне бело цвбќе и птици. Млечните струи од разбудените планински врвови, потекуваат низ нашите тела проѕирни од воздух и сонце. Тука меѓу водите и кулите во овој град од дрво, го оставам цветот на малите игри. КРАЈОТ НА ЛЕТОТО Си одиш ти мое убаво лето оо магла во очите и тревки во рацете. Останувам тажна во влагата на воздухот, имала во игрите на водите. О, како те оплакувам мое убаво лето! Кога би го знаело тоа не би сакало да се криеш зад последните високи куќи во градот, зад планините, зад се што моето немо око не може да види. Сега знам дека многу време треба да помине низ моето тело, додека еден ден не те откријам како срамежливо влегуваш вомојатасоба и се спремаш да спиеш во моите очи. Колку е убаво тоа што твоето заминување го носи враќањето твое! БРЕГОВИ ШТО СЕ ГУБАТ ВО ДАЛЕЧИНА Ти си некаде далеку во воздухот, ној од време на време се пали од твоите погледи. Ти си некаде заскитан и заборавен од времето и врелите дни на летото. Годишните времиња го одредуваат твоето доаѓање Далечна Земјо, Скриен Континеиту. Не те наоѓам ниту во морето ниту во океанот. Ти некаде постоиш како изненадување пгго ги предшвикува молњите, што ги вознемирува птиците што ги заобиколува градовите и продолжува некаде далеку каде што никој никогаш не те очекува. Далечна Земјо, Скриен Континенту, во тебе се шараат невидливите бори на ветрот во тебе се раѓаат гласовите иа полето, во тебе се кријат најубавите дни на годините. Далечна Земјо, Скриен Континенту. а тебе те нема ниту во морето ниту во океанот. ТЕМНИНА Ја сеќавам како доаѓа со мали молњи во рацете и зажарени очи од ветер. Се наоколу се топи во тревите посивени. Моето разбудување дојде кога таа ја сврши љубоената игра со денот и јас зачудено забележав дека тој ден е прв од многуте средби, што пророчки ми бегаат низ прстите. Без тајни низ ветерот и времето лудо се врти демот и сè што до вчера ми го покажуваше патот до нејзините соби се скрило под стаклени ѕвона. Тоа е велат, волшебникот на овој исушен крај, а јас немам таква сила што ги пресоздава цветовите и тешко ќе можам да го најдам водениот пат до езерата. Нејзините прсти — камен цвет на моите гради. ВРЕМЕТО ОДИ НЕКАДЕ ВО БЕСКРАЈ Сите убави лисја на летото се во нас, Се откажуваме од вечноста на времето, Љубов моја, а реките течат и морињата се преселуваат во облаците. Остануваме но летото заборавени и ги очекуваме мените на месеците Љубов моја, а реките течат и морињата се преселуваат во облаците. Ги заокруглуваме плодовите на времињата во малите куќи покрај бреговите на вашите зелени земји. Го означуваме почетокот на големите преселувања на птиците и остануваме сами меѓу изгубените жолти клунови на времето Љубов моја, а реките течат и морињата се преселуваат во облаците. Остануваме без нашите убави лисја на летото, остануваме без нашите мали зелени земји, птиците се сега некаде далеку над пустињите, Љубов моја, а реките течат и морињата се преселуваат во облаците. ОСТРОВИ Се појавувате вие како мали совршенетва на природата. Играте пред моите очи како сини сенки со безброј имиња, вие невидливи копна што в глава имињата ваши ми ѕвонат. Исфрлени како детски раце се појавувате се откривате и повторно се губите вие забележани или незабележани на географските карти, во сенките на некој брод, во летот на некоја птица. Мали убавини, заборавени сонца на големите солени и слатки води. Вашите патишта почнуваат и свршуваат на исто место под сенките на ниските треви, полни ветер и сол, во усните на птиците и штурците, вие сте во почетокот на создавањето оставени и заборавени, исфрлени и повторно пронајдени од туѓинци некои. Вие се откривате и се криете пред окото на разбудената свест, се доближувате до нежните делови на моите очи и влегувате низ некои тајни ходници каде денот ја доближува својата белина нема, вие мали светла во мојата свест, вие убави мали слики што играте над солените и слатки води. * Во моето срце играат сите бродови на овие води сите напуштени земји, сите песни заборавени од ветерот и сонцето и еве, овие мали земји се спремаат да се зближат со земјата бела како бранови сини што на брегот го оставаат својот немир кој долго бил носен дури од големите ширини од сините водени пустини каде бродовите тонат. И некои неми поместувања го продолжуваат вашиот живот вие, мои мали опсесии, каде ли ве најдов, каде ли ве видов? Кружат имињата ваши во мојата свест. Вие земји мои што во ладните нбќи се криете во моите очи. * Вашите бранови ја создадоа најубавата слика во моето срце. И вие сте тука неизменети и сосема сами долго очекувани, долго барани тајни мои. Некој мал немирен свет од бубачки и птици се крие во вашите тивки слики како црвен извор полн струи и магли. * Големата сенка на мојот живот се крие во вашиот темен простор во водите сини што лебдат околу вас. Какви ли љубовни сенки ми ги открија вашите тајни? Какви ли чуда ве оставија вац, мали богови на морињата и езерата, да стоите неми и бели вие лажни земји што тоните и излегувате со алги и школки со скелети на дамнешни риби што во ни еден учебник ги нема. Вие постоите зарамнети и бели зелени и меки мали копна што еден ден во око ве збирам и долго ве љубам и мислам на вас како на нарциси бели, а еден ден повторно ве губам и долго потем в сон ве барам мои острови неми. СКРИЕН ДЕН Го знам оној ден што треба да дојде. Оној ден кога не знам што ќе има. Можеби птици некои, можеби во кино некое, можеби на плажи некои, можеби овде каде сум сега и каде си ти сега, ќе има и ќе нема не знам што. Но го знам оној ден што треба да дојде кога ќе одам така против себе, можеби овде каде сум сега и каде си ти сега и знам дека тој ден се спрема да биде против мене, со мене, надвор од мене. Толку многу сакам да кажам зборови, каде да ве најдам ако веќе вие не сте тука овде, овде во овој ред во оваа рака. Знам, тој ден еднаш ќе дојде и ќе биде се она што не сум го дорекла, ќе биде се она што не еум го донапишала, досторила, тој ден се подготвува да дојде. Јас веќе бегам, бегам од полињата, од житото, од цвеќето, од птиците, од тревите, тоа боли, тоа е она јас што го сакам, плачам за тоа и не знам дали сево ова треба да биде овде во мојата глава. Но ова еднаш мора да се каже. Мора да се каже. ВЕТЕР Никој не знае од каде доаѓа, залудно се трудат да го ефатат, а тој игра и бега како лудо дете во косите на изгубените низ градот, во лицата на изморените низ градот. Се витка во клопче и служи за почеток и крај во некој лавиринт, каде луѓето честопати одат. Се во неговото непостојано тело го мачи погледот го раздразнува нервот на меетото каде се создаваат чудните прашања. Се крие и бега од сè што го бара неговиот мирис, во некои кори, во некои води, во некои дрвја се пресоздава и бучи ги плаши нашите срца неми, а ноќе се таи зад некои буки и чека на нас какo на заробеници свои. Тоа немирно создание што долго шета по нашите тела влегува нагло во сите пори и создава цветови бели во нашите глави, а ние сме неми пред она што тој го прави, ние сме лути и среќни пред неговите бури кои доцна ноќе ни играат в уво ни зборуваат меко и не носат далеку дури таму каде што него го нема, дури таму каде што почнува неговата сина смеа во делот каде што никогаш никој нема да го види. * Излетува од темните води каде морињата се губат пред нашите очи. Тој оди криејќи ги своите струи под реките и езерата и така оди во горите каде цути медот на малите пчели. Таму ги гради своите кули во кои јас не можам да влезам, а долго време има како ги сонам и бројам во моите расфрлени мисли. Тој знае дека јас го чекам зад белиот облак на неговото срце ме носи и ме мами во некои долги низи каде чекорот се губи и ми бега за повторно да се јави во моите очи како сина птица. МОЈОТ ТАЕН ЗБОР Одамна има нешто што треба да се каже, а тоа сепак стои како прашање немо, како грч болен, во грлото бега се крие во мојата душа, а излегува ноќе во темнина нема што не ја знае секој што не ја има секој и потем долго, постои и се крие пред она што го има моментот голем на желба и молба. Па сепак не може да се рече и долго се таи, се крие и бега повторно да се јави во некој ден со дожд, во некој ден со сонце и тоа е она што боли во дождот, во ноќта, што го мачи духот таа нема болка. ТОГАШ КОГА СЕ ГАСИ СТРУЈАТА, А ЈАС ДОАЃАМ КАЈ ТЕБЕ ЈАС ДОАЃАМ кај тебе, ти ја отвораш вратата и влегуваме заедно во собата, во која стои твојата работна маса со организиран неред и ситни нешта што јас постепено ги откривам. Ти си до мене без да можам да ти кажам што е тоа што стои пред нас. Ти знаеш сè. И јас знам сè. Остануваш да стоиш до мене по малу збунет и изненаден од студот што шета по моите образи и ми го придржуваш палтото, што јас го соблекувам. Излегуваш од собата и јас седнувам на столицата до твојата маса. Се доближуваш со претпазливост, ми ги притискаш рамениците и ме гледаш во очите. Го проучуваш моето движење на раката и снемува струја. Остануваш така до мене збунет од ненадејните можности што стојат пред нас и молчиш. Јас го откривам твојот прст и рацете полека ти ги отворам. Ти си згрчен и лут. Струјата се пали. Ти се смешкаш и седнуваш во другиот крај од собата. Ме гледаш долго и упорно. Јас се повлекувам удобно во себе и ти остануваш сам. I ПО ЛИНИЈАТА од твојот сон се движам, а ти стоиш пред мене и јас убаво ги гледам твоите раце и очите и љубовта што стои меѓу тебе и некој друг и знае сè од сега па понатаму до знакот што не постои зашто сега ти си далеку од моите зборови. Околу тебе сега плови некој друг свет во кој јас не можам да влезам, а ти упорно ме задржуваш на тајната линија од твојот сон и не знам дали е тоа вистината за која ми зборуваше кога бевме блиски и среќни. Сега веќе не сум сигурна таа среќа дали беше и дел за тебе, зашто ти ја избра сенката на споменот што се губи. II ПРЕД ТЕБЕ не сум јас. Моите мисли се движат кон патот по кој ти одиш, градот во кој живееш, времето што го губиш барајќи разни нешта што јас не можам да си ги замислам. А ти бараш сè и сешто. Коњи што јурат по зелени треви, замрачени соби во кои предметите се губат и ти се губиш заедно со моите мисли што те прогонуваат. Но ништо од тоа. Далечината ни е единственото што ни е заедничко. Ти сигурно веќе не мислиш на мене и на моите очи што беа твои и сè беше твое што беше мое. Ги забораваш моите среќни зборови што ги собираше во дланките и си играше, а јас мислев дека е тоа вечноста на нашата љубов, но сега знам дека пред тебе не сум јас. III ТИ СЕГА сигурно изговараш зборови, кои веројатно и мене во некоја прилика си ми ги кажувал. А јас мислев дека после сè, сè во тебе се менува. Ти сега не можеш да го зборуваш јазикот на кој ми се обраќаше мене. Ти веројатно нема ни да мислиш, ни да одиш, ниту да трчаш среќно, како кога јас те дочекував на крајот од шумата, пред широкото поле на нашите слики. Ти нема да можеш да јадеш. Зашто усните стојат во мене, јас ги носам околу вратот и те предизвикувам лудо верувајќи дека ќе чуеш и ќе видиш. Но ти стоиш сè уште далеку, во некој град во кој јас никогаш не ќе можам да стигнам, зашто и не знам веќе каде си. Допирот со тебе е ограничен само во мене и тоа е се што сега го имам од тебе. IV ТЕ ВИДОВ само во еден миг кога сè се смрачуваше. Ти стоиш во една улица пред излог со стари предмети, столици, чаши, шифоњери, лустери од кристал, сладоледни топки ти летаат околу глава, а ти си втренчен во некој предмет на кој светкаат зелени камчиња и мене ме заслепуваат. Ти и не знаеш дека те следам од едно место, каде и да бидеш. Ти продолжуваш да гледаш, зениците ти се собираат и шират, исто онака како кога ме гледаше мене, токму како што сега го гледаш златниот предмет со зелени камчиња. Ти ја отвораш вратата и ѕвончето заѕвонува. Влегуваш, а во очите ти спие предметот со зелени камчиња. Зборуваш со продавачката. Плаќаш. Го носиш и ми го даваш мене. Тоа е едно мало срце од старо злато со зелени камчиња, со мало око што трепка и гледа во мене зачудено. V ПРОДОЛЖУВАШ низ улицата без да забележуваш дека те следам. Одиш рамномерно и сигурно. Тоа ме збунува зашто лудо мислев дека е сè променето во тебе. Ти си без траги на себе, а јас сè уште ги задржав сите спомени на тебе. Кога ме убедуваше да ги отворам очите и да те видам, а ти стоеше пред мене со скриена насмевка што ти шеташе по лицето дури и по рацете. Не знам точно што сè се случуваше меѓу нас, но ти ги откриваше сите мои зборови пред јас да ги кажам и таа игра не можев да ја сфатам. И се уште мислам дека ти го означуваше почетокот на патот по кој јас за прв пат одев, а ти само си го завршил, за со мене одново да го започнеш. Но, конечно сега ти си во моите мисли низ улицата полесен и сигурен. Чекориш убаво и секое твое движење совладува по некој дел од мене. Доаѓаш до крајот на улицата и се губиш зад аголот. VI НЕ ЗНАМ веќе како да ти се обратам, ниту каде да те побарам. Не постои можност да ти се јавам зашто си ти некаде околу мене и ако било во кој миг ти се обратам, ти си веќе на пат да се преселиш. Да те повикам преку оглас. Но ти тоа никогаш нема да го прочиташ. Да ти се обратам преку некоја радио станица. Ни тоа нема да помогне. Не сум сигурна дали воопшто слушаш радио. Ништо што јас ќе преземам нема да стигне до тебе. Далечината е создадена за да стои меѓу нас. VII ИМАШЕ ДЕНОВИ кога заедно го обиколувавме светот и застанувавме во градови кои од авион ни изгледаа убаво. Тогаш ти ме водеше за рака и ми нудеше појадок со кифли и топло млеко. Ме разнесуваше по улиците како пратка и ми се насмевнуваше среќен дека сите твои потфати мене ми се допаѓаат. Ти беше драго да ме збунуваш со неочекувани откритија, зад кои ти стоеше задоволен и јас занесена. Ти создаваше сè што јас можев да си замислам и остануваше настрана по малу. Ме оставаше на пет чекори од тебе и ме гледаше како ги откривам твоите изненадувања. Се насмевнуваше задоволно и потоа ме водеше на ручек, а мене се ми се стегаше грлото и ситна треска ме обземаше и ми беше ладно и пријатно, зашто бев згрчена од љубов и среќа. VIII БЕВМЕ МЕЃУ многу луѓе и тие зборуваа за тебе. Ти само се насмевнуваше и сосема внимателно ме држеше за рака, колку да знам дека сето тоа го правиш за мене. Никој не ме забележуваше, а твоето присуство ме храбреше да верувам во твојата љубов, и насмевката што од време на време ми ја упатуваше беше поинаква од се во тебе. Ти ги одбегнуваше прашањата од другите, а на моите одговараше со насмевки кои беа единствениот говор во тие денови меѓу нас. Никој не можеше да влезе во нашиот разговор и јас бев среќна заради тоа. Тебе те понесуваше мојата светлина на лицето и ти сигурно ме водеше со раката што лежеше на мојата половина и точно ги чувствував твоите прсти како ме опфаќаат и како ме водат низ твојот живот сигурно и заљубено. IX ИМАШЕ ДЕНОВИ кога ти беше потребно да зборуваш. Зашто очите ти беа така силно отворени, а усните згрчени што патот на твојата мисла за мене беше осветлен и знаевме сè што може и не мора да се каже. Беа тоа денови на заемно разбирање кога погледите ни беа знак за распознавање, кога твојата близина беше топлината на моето тело и кога мојата рака беше дел од твојата мисла. Беа тоа денови кога ти и јас пиевме вино од иста чаша, кога седевме на една столица, кога одевме по еден пат, кога гледавме едно дрво, една птица, еден цвет, еден ден, една ноќ, кога спиевме и сонувавме еден сон и се разделувавме само кога тебе или мене нè бараа на телефон. X НИКОГАШ НЕМА да ја заборавам твојата насмевка кога ти заминуваше и кога се палеа светлата. Ти остана во темнината и само усните ти ги гледав и знаев дека се уште се смешкаш и ме смируваш со зборови што знаеше дека нема да ме утешат. Зашто сето тоа беше така малу и безначајно во споредба со твоето заминување. Утехата беше само знак за твојата несигурност, а мојата осаменост. Празнината што ти ми ја нудеше беше несопирлива и неизбежна, а јас толку многу го знаев тоа што дури и не можев да зборувам. Зашто секој мој збор ќе беше лага во споредба со она што го чувствував, а не сакав да мислиш лoшо за мене токму во моментот кога толку многу сакаше да ме утешиш. XI СЕ СЛУЧИ сè ненадејно. Дури и појавувањето на поштарот за нас не значеше ништо. Но ти се спремаше да заминеш и додека ти помагав околу пакувањето мислев дека и јас ќе одам со тебе. Тебе не ти пречеше моето непрестајно зборување и тоа што и јас размислував кои работи ќе ги носам. Сè беше така нормално и убаво. Ти молчеше и упорно ме гледаше како да сакаше сè да запомниш. Ти тогаш претчувствуваше сè, што јас не сакав да откријам. Зашто сите претпоставки за мене не значеа ништо додека ти беше со мене- Јас цело време ја сакав твојата неизвесност и сите мои мисли беа свртени кон тебе и ништо немаше такво значење за мене како еден твој мал збор што одвреме навреме ми го повторуваше, а јас поцрвенував и се вкочанував и многу добро чувствував слаба болка во градите, зашто сето тоа беше така многу за мене. Се чувствував сосема мала за да може да го примам твојот ситен збор што беше стрела во моето срце, а ти после тоа го ширеше целото твое лице во голема насмевка, очите ти светкаа топло и меко и сето тоа сега толку силно ме боли, кога ќе помислам дека стоеше само на чекор од мене, а сега не знам каде да те барам за повторно да го чујам некако тој мал збор што ме правеше да бидам луда од среќа и да не можам да ти се оддолжам, зашто мојата вкочанетост за тебе беше достатен доказ за мојата приврзаност. XII ТИ ОТИДЕ со сè што јас уредно ти средив во куферите. Останав да го следам твојот пат од далеку и да си замислувам сешто. Зашто можностите што ти ми ги остави за размислување ги засилуваше со ненадејните вести за тебе, што ме рбземаа толку силно во деновите кога зимата бедге сосема дојдена околу мене и кога беше потребно да се затоплувам добро и премногу. Ти го живееше својот живот онака како што во моментот сакаше да го живееш и тоа беше најсилната причина што постојано ме возбудуваше и ме тераше да размислувам како да го изменам тоа кај тебе. Но, сè отиде така како што веројатно и требаше да оди. Патот на твоето живеење е далеку од моите можности. Јас дури сега не знам како изгледаат работите во твоите куфери, како изгледаат ситните предмети што ти секојдневно ги употребуваш, но тоа и веќе не е така важно кога ти сосема упорно ме држиш на линијата од твојот сон. XIII ЖИВЕАМ со твојата слика во мене и нередот што ти го создаде со твоето постоење не ќе може ништо да го поремети. Твојата отсутност за мене е само посилно сврзување кон тебе и твоето одење нема да биде лек за мојата болка што полека и сигурно гори во мене. Не барам веќе ништо. Достатна е само една тивка мисла, само еден миг од времето за да ме врати во мојот сон од кој не сакам, а и не можам да се ослободам, зашто сè е така неминовно подредено во мене што можностите на слободата £ се сосема мали. Ропството што постои и самото е слобода и слободата е барано ропство, што ти сакаше да го однесеш без да сфатиш дека е тоа мојата потреба и очекувана болка што го бара лекот во твојата слика, што живее во мене. XIV ОСТАНА да стоиш во полето и жолтото цвеќе го лепеше правот на твоите очи. Јас одминував со твоите погледи на срцето што предизвикуваа мали инфаркти, со сите твои допири на рацете, лицето на усните, со вкусот на твоите зборови што сè уште шетаа по моите заби, а ти стоиш во тоа поле со жолто цвеќе, среќен, осамен и занесен, а јас заљубена одминувам со спомените на ветерот што силно дуваше и ти ги разнесуваше деловите од облеката на сите страни по кои јас неуморно одам. XV КОГА ПОМИСЛУВАМ на тебе мал студ ме обзехма и раката ми трепери. Се јавуваат некои заборавени мириси, напуштени улици и одбегнувани разговори. Се повторува стравот од љубовта и ти си толку изѕемнат од студот што е околу тебе: ти се лепат усните, ти се затвораат трешште, ти се склопуваат рацете, нозете не ги чувствуваш, зборовите ти умираат во грлото, воздухот се скаменува и јас со нож можам да го сечам. Но јас ништо не правам. Зашто раката ми трепери и сè доаѓа одненадеж од страната на која ти стоиш. XVI ШТО ЛИ НЕ ПОМИСЛУВАВ во деновите на осаменост? Ако веќе сè не сум ти рекла или ако сè не сум ти јавила онака скришно и ненадејно. Ти премногу си обземен од себе за да остане и малку место за моите исповеди, како кога седевме на маса на која не ни ги собираше лактовите, а ние чувствувавме потреба тие да се доближени во тој момент и ненадејните допири да нè држат цврсто и заљубено. Јас сево ова го помислувам и не знам дали тоа и за тебе нешто значи после сите оние нежни слики на одминување секојдневни и неизбежни. Јас останувам над сите денови како и првиот ден. Јас останувам над сè што ти го остави и твоите повторни јавувања, што јас не можам да ги чујам, се прекинати некаде на половината од нивното доаѓање, а до мене стигнува само мојот спомен за тебе, зашто е единствен и незагубен. XVII ИМАШЕ ЕДНА МЕЛОДИЈА во тие денови што ти ако ја запомнеше наутро да ја потпевнуваш, те следеше цел ден и јас по неа те откривав во кој дел од куќата седиш и доаѓав тивко и ти застанував зад грбот, ти се свртуваше изненаден од моето бесшумно присуство и нагло ме повлекуваше и јас губев рамнотежа и се потпирав на тебе, а ти се наведнуваше и продолжуваше да ја свиркаш мелодијата притоа смеејќи се отворено. И кога сега помислувам на тоа би сакала некако да знам дали сè уште може да живее некоја мелодија во тебе. XVIII ЈАС САКАВ да се облекувам за тебе. Бев безумно среќна кога ги забележуваше најскришните детали и кога притоа ме повлекуваше за рака за да ми шепотиш на увото зборови кои само ти можeше да ги смислиш. Тогаш во мене летаа некакви сини облаци што ме понесуваа и се чувствував единствена и среќна во љубовта што беше меѓу тебе и мене... Мислев, какви се твоите мисли, но среќата ме обземаше и тешко можев да откри-јам било што што би можело да ме поколеба во сликата што ја редев за тебе. Ти се оддалечуваше тогаш од мене и јас се вртев на сите страни скаменета и ладна од љубовта што ја чувствував за тебе. XIX КАКО СЕ СЛУЧИ тоа ти повторно да се јавиш? По твоето молчење што за мене беше една долга болест ти го изговараш моето име додека меѓу нас стојат далечините на нашата разделба и звуците на туѓите гласови кои те делат од мене. XX ТИ МЕ РАЗБУДУВАШ, ти ме силиш да ги повторам кажаните нешта, ти сакаш да го слушаш мојот глас дури и кога зборува бесмислености, ти сакаш да бидеш до мене среќен и топол од моите дсшири, ти сакаш да го вратиш мојот сон во кој живее твојата слика и цветот на твојата љубов, ти сакаш да го вратиш гласот на насмевката во моите очи, а јас стојам слепа и нема, и збунета и недоверлива во твоите враќања кон мене, што како тивок снег се топат во моето срце. XXI КАЖИ МИ КАКО да ја отворам вратата низ која треба ти повторно да влезеш. Како да стојам на прагот од таа изненадна среќа и како да ти ги подадам рацете. Кажи ми, дали да ти се насмевнам притоа и дали да те гледам в очи. Дали да ти оставам сосема мало место за поминување низ тесниот ходник до мојата соба, во која ти ги откриваш заборавените спомени на мојата љубов, твоите загубени размислувања што со совршен ред живеат во мојата глава. Кажи ми дали сето тоа ќе биде достатно силно да се противстави на твоето заминување, што живее заедно со доаѓањето што ти ми го даваш. XXII ТВОЈАТА ОДБРАНА е како опсада во моето срце и јас ти ја испраќам сликата на линијата на неговиот живот. Ти се криеш во тој несовршен ред. Твоето име што го пореметува крвотекот и неизвесноста со која ми се доближуваш е само чекор повеќе по сите тие примки кои пред сево ова јас тебе ти ги местев. А само како убаво изгледаше во полето со жолтото цвеќе и како ме оставаше да те гледам среќен во твојата слобода од која сега бегаш, ја напушташ за неопределено време. XXIII ТИ ДОЈДЕ и ја отвори вратата како никогаш пред тоа да не си ја затворил. Застана и ги разгледуваше предметите по собата како тоа да не е таа соба и како да не сум јас таа истата. Во очите ти се криеја прашања што не сакаше да ги прашаш и полека зачекори кон прозорецот и го затвори внимателно и лесно. Се сврте кон мене со насмевка во која се криеше твојата морничавост и побара топло млеко. XXIV ТВОИТЕ МИСЛИ далечни и мили, твоите среќни движења, твоите ненадејни повици, твојот бакнеж што ми го праќаш, не го носи ли и двоумењето на моите мисли? Јас ја создадов оваа љубов и живеењето во твојот живот и линијата на твојот чекор што сега јас ја следам и твојот здив топол што во ушните школки открива нови патишта и нежните зборови мили и слатки. И како сега да го вратам назад овој почеток, во кој тебе те нема. XXV КАКО САМО ги откривам моите дамнешни зборови во тебе. ¥ дозволуваш на мислата да ти стане туѓа и ја местиш во мене со сигурност на коњаник. Заблудата на твојата љубов го ноои споменот на нашите прошетки во кои спијат зелените тревки, суви и среќни во кориците на моето срце, пред нас стои денот мал и сув како слива, а ти му се насмевнуваш и тоа ме налутува. Ти ги правиш истите нешта со другите, како и со мене. Насмевката не ти се менува, не ти се менува ниту раката, движењето на прстите, дишењето ти е исто, а верував дека е сè поинаку кога си со мене и кога не си со мене. ХХVI ЗНАЕШ ЛИ КОЛКУ дена ми поминаа мислејќи на тебе. Ти ми го започнуваш денот и низ него ме водиш без да можам да се опирам на твоето присуство во мене. Ти излегуваш во зборовите со кои им се обраќам на луѓето, гледаш преку моите очи и ги допираш книгите и рацете на познаниците исто онака како и јас што го правам тоа. Те здогледувам на прозорците од куќите по улиците по кои минувам. Ми треперат мислите во кои ти си загнезден и го движиш живиот пат на мојата љубов. Те носам како што го носам телото со мене и рацете и прстите и сите нешта што стојат на мене. Ти живееш во моите блузи и фустани, во моите нови и стари чевли, во нештата што намислувам да га купам и во воздухот што го дишам. XXVII ТВОИТЕ НЕДЕЛНИ ПИСМА полни со празници и мали свечености во кои го обврзуваш моето срце го зголемуваат денот и ноќта ја нема. Ме заробуваш повторно откако се ослободи од мене и од моите налети. Ти го одиш патот по кој се крие топлата болка на мојата љубов недолечена и се уште полна со сенки во кои спијат твоите раце, твоите топли воздишки, заборавените зборови на твојата љубов и далечината на нашата средба. XXVIII ТОА Е НАВИСТИНА некој друг свет во кој престојував ненадејно сместена во вакуумот на твоето молчење. И не знам дали еум успеала да се ослободам од тој непростор што ти го создаде во мене, од помислата дека си го изгубил споменот на мене, и тоа многу ме боли, а уште повеќе тоа што во себе ги барав разлозите кои би можеле да бидат твои и што не можев да ги најдам. Единствено што остана како можност за прифаќање беше да чекам, а како ти не се јавуваше, тоа го рторив јас, со голем немир во срцето дека нема да те најдам или, што би било уште пострашно, дека можеби нема да сакаш да се јавиш на мојот повик. Бев збунета и среќна, но тоа и не беше вистинска среќа, зашто видов дека си ти таму и дека постоиш и твојот глас ми зборуваше дека си можеби и среќен, но тоа беше она што ме приуискаше во вакуумот. Ти значи постоиш, а јас не бев во тебе, во времето кога секој ден го чувствував како нова кривица за себе. И твоето писмо уште повеќе ја зголемува мојата несреќа. Болна сум од помислата дека за тоа време на нејавување си ме избришал од себе, што јас не би можеда да го сторам со тебе. Би сакала да си сега сам и да го продолжуваш споменот за мене. XXIX КАКО ИЗГЛЕДААТ твоите раце кога го држиш писмото што јас ти го праќам. Ги откриваш ли скриените линии на моите отисоци од прстите, ги насетуваш ли ненапишаните зборови што молчењето меѓу нас ги оживува и очите дали ти го откриваат мојот поглед зашетан меѓу буквите и зборовите. Го бележиш ли патот на мојата мисла во тебе и дали притоа потреперуваш и дали таа мала промена во тебе се одразува на писмото што го држиш во рацете и колку сето тоа трае. Достатно долго ли е како кога би била покрај тебе и како кога би ги следеле твоите промени. Дали сите тие зборови што ти ги испраќам го имаат истото значење за тебе, како што го имаат за мене кога ги смислувам и притоа дали го демнеш моето движење што го чувам само за тебе и дали е во него вистината за тебе и за мене. Ако веќе има нешто што јас не можам да го откријам, што ги го создаваш во тие скришни моменти на читање, дали сето тоа значи дека допирот со моите залутани отисоци е исто како кога ги откриваш малите линии на порите по мојата кожа и ова сеќавање го зголемува патот до тебе, зашто секое писмо што ти го добиваш од мене е како да до биваш по некој дел од моето постоење. XXX СЛИКАТА НА МОЈОТ СОН што ти ја пратив успеа ли да ја сместиш во твоите далечни размислувања и во блиската иднина на твоите двоумења. Го откри ли денот што треба да го заборавиш. Зашто заборавот за тебе е најважниот мит од твојот живот. Ти бегаш од себе, од мене ли? Крајот на патот по кој ти одиш е сосема близу до мене. Тој крај е во мојот поглед, тоа е и твојот крај. Премногу сме близу за да го разделиме патот на две, а и таа делба бесмислена и туѓа, не може веќе да нè возбуди. XXXI БИ САКАЛА да знам дали понекогаш плачеш и како изгледа тоа кога ти плачеш. Дали се менува нешто во тебе и на тебе или сè останува втонато во твојот мир, што ти лежи на лицето и во смиреноста на рацете. Би сакала еднаш да ти фрлам нож, дали ќе се покренеш да го фатиш или ќе го оставиш да оди по патот што јас сум му го определила. А тој пат што е неизвесен за тебе, колку и за мене, ја има само единствената желба, да го фатиш и да го држиш цврсто во рацете како лубеница. XXXII ТИ СЕ ВРАЌАМ повторно, зашто твојот жолт поглед ме следи до амбисот во кој паѓам полека, а облакот од твојата рака ме држи без да ме допре. И јас влегувам сè одлабоко во темнината без страв, со среќна насмевка во срцето, што чука силно и од своите сопствени удири се гуши. Се губам во линијата на твојот поглед и се селам полека и неосетно во твојата љубов. XXXIII ОДАМ ПОВТОРНО во оваа пролет, кога сонцето не е сонце, а дождот не е дожд, кога сликите за градот не се тие слики во кои лежат изгубените улици што јас повторно треба да ги најдам. И таму сум и ти овде далеку. Куќата полека паѓа. Скалите, од бел мермер напрснат и нем, над времето што се мести, неутешни, и железната ограда, жолта од дождот и облаците, и вратата што полека крцка додека ја отворам и влегувам во сувата темнина на закатанченото време. Пајаци скаменети во својот сон и исушени бубалки, изгубени во бојата на своето постоење. Штиците врз кои газам раскрцкани и изгниени. Лета прашина леплива и тешка и останува занемена во ненадејноста што и ја пружа подотворената врата, зад која низ тесниот процеп се провира сегашното време. Таа стои во средината од себе и се двоуми пред новите можности што £ наѕиркаат. А јас ја отворам и вратата од твојата соба во која се уште шепоти музиката на нашите средби. НЕГОВИ I СТОЕШЕ ПРЕД МЕНЕ заслепена од студ и по образите ти пливаа некои модри води што оставаа кругови по кои се движеше мојот поглед. Се плашев да те прифатам зашто ти го носеше во себе сиот студ на зимата, а и бев задоволен што можев да ги откривам сите промени што ги носат годишните времиња на тебе. Ме занесуваше твоето ситно трепкање на очите и меѓу трепките ти се береа мали солзи што ти го осветлуваа погледот и тој доаѓаше до мене како син кристал и ми спомнуваше на оние прастари камења за кои луѓето ги губеле животите и се убивале меѓу себе, Сакав да стоиш пред мене во неизвесност и со желба да ме прегрнеш или да ми се насмевнеш. Но ти беше толку премрзната и ми беше драго да ја љубам твојата вкочанетост со погледот и да ги откривам спомените на дамнешните статуи што умираат во својата белина. Неизвесноста за мојата заљубеноет во тебе, за мене беше најсилниот доказ дека не можам без тебе. II ГИ СЛЕДЕВ од скраја движењата на твоите раце. Беа бели и тенки. И секогаш мислев дека студот што толку многу го чувствуваше ти почнува од рацете. Крвта во тебе не можеше да го издржи тој долг пат од срцето до прстите и тие секогаш беа ладни и модри. Бојата на лакот на твоите нокти ги означуваше промените кои се случуваа во тебе. Тој знаеше да ти се прилагодува или ти ја имаше моќта да ја прифатиш неговата боја. Боите за тебе беа дел од твојот живот и кога зборуваше за нив ме збунуваше и мислев дека се можеби тоа некои луѓе што ти вешто ги криеш од мене. III ГИ ГЛЕДАВ твоите блузи и пуловери кои се топеа во складот на твоите движења. Ги следев твоите зборови секогаш од скраја за да имам време добро да ги сфатам. Ти сакаше да ме возбудуваш со твоите заклучоци за работи на кои јас воопшто не сакав да мислам. Ти ги враќаше назад сите отфрлени нешта од мене и знаеше да им одредиш ново значење и долго да ме убедуваш за потребата на нивното повторно оживување. Јас тогаш ги прифаќав со нежност сите твои промени и бев изненаден од сознанието за значењето што ти го имаше за мене. IV ТИ ВЛЕГУВАШЕ во мојот живот тивко и со изненадувања. Не се откриваше никогаш до крај или пак јас немав сила да ги сфатам сите твои промени. Ти ми се доближуваше полека со претчуветво дека може и да се разочарам во тебе. Ги откривав твоите мисли од зборовите и движењата. Трепкањето ти се зголемуваше од возбуденост и ми беше драг тој мал недостаток за кој ти и не беше свесна дека го поседуваш. Ги следев твоите зборови онака како што ја следев и мојата желба кон тебе и знаев дека се трудиш да те засакам. V ИМАШЕ ДЕНОВИ кога не можев да си спомнам како точно изгледаат линиите на твоето лице. Во мене одѕвонуваа само некои твои движења и зборови што не така дамна сум ги уловил од тебе. Ја знаев и бојата на твоите очи, но не можев со точност да ја одредам нивната вистина. Во тие денови секое твое доаѓање за мене беше и ново изненадување, зашто ти знаеше и пред да ме видиш да ја одредиш мојата љубов кон тебе и беше благодарна и среќна од сознанието дека се трудам да ги откријам линиите на твоето лице и дека сакам да ги запомнам. VI ВО ТЕБЕ спиеше силата на откривач. Ти беше единствена која така јасно и со голема љубов кон спомените знаеше да ме воведуваш во изминатиот свет на твоите сеќавања. Ти знаеше да го откриеш и темниот агол, мал и напуштен, во собите на твоите спомени, да сместиш во него некои стари златни чинии и да ги откриваш заборавените љубовни писма и сувите цветови на твоите роднини. Да ја сочуваш темнината, а сепак сè добро да видам. Да ми го откриеш постоењето на заборавените мириси на сувото цвеќе, да ме воведеш во неговиот загубен живот и да го одредиш значењето на неговото исушување. Твоите откритија за мене значеа отворен пат во твојот живот. И се прашував што сè е наталожено во тебе и дали ќе биде достатен мојот еден живот за да можам да го прифатам твојот еден живот. VII ТВОИТЕ ДОАЃАЊА беа како налети на лесна коњица. Со заледена насмевка ги замислував твоите чекорења и лесните превивања на фустаните што во лето ги носеше со љубов и насмевка во очите. Тоа беа моменти кога во мене се создаваа мали земјотреси и кога мислев дека секое твое доаѓање за мене е крај. Но ти знаеше крајот да го продолжуваш. VIII МЕ ВОВЕДУВАШЕ во твојот свет на изненадувања и ме оставаше настрана по малу, без да знаеш колку сите тие ненадејности за мене беа крај на отпорот што полека се топеше во мене. IX ДОЈДЕ ТОЈ МИГ кога ми недостасуваше сè што не би ме потсетувало на тебе. Се трудев да ги по вторувам твоите зборови кои се губеа со молк во мене, заради тоа што тие ја немаа бојата на твојот глас и линијата на твоето движење. Ги пипав кошулите и палтата по кои знаев со сигурност дека лежи некој твој допир. Не наоѓав ништо. Само сеќавање што ме водеше до тебе и до сите твои ненадејности без кои јас веќе не можев да живеам. X ГИ ЧЕКАВ твоите доаѓања и во ноќите долго мислев на нив, но никако не можев да го откријам изворот на твоите мисли во кои ти мене така добро ме смести. Јас веќе не знаев да правам разли-ка кога си, или кога не си до мене. Твојата присутност влезе во бојата на моето око, се всели во зеницата и удобно се смести во нејзиниот најтемен дел. Кога ги гледав очите во огледалото, јас те гледав тебе како занесено ме довикуваш и јас знаев дека ќе дојдам и дека ќе одговорам на твојот повик, а толку бев сигурен во себе, а толку бев изненаден во мојата сигурност што ти ја изневери и ја уништи. XI ПОЧНАВ ДА ГИ ВРЗУВАМ моите мисли со твоите. Деновите со твоите денови. Напуштеноста со твојата напуштеност и да га следам твоите долги прошетки по градовите на твоите спомени. Да одам по улици за кои ти ми раскажуваш, да влегувам во куќи на кои ти им ги отвораш портите, над кои силно одѕвонуваат старите железни ѕвона. Да се шетам по собите во кои одамна ги нема стопаните и да ми ги откриваш нивните мали тајни по фиоките од шифоњерите и по здиплените алишта пожолтени по рабовите, во кои времето својата прашина ја мести и притоа одвреме навреме да зборуваш, да се насмевнуваш и со страв да ме бакнуваш, а јас да го чувствувам твоето ситно треперење, без кое веќе не можев да го следам патот на твојот живот. XII ТИ ВНИМАТЕЛНО се всади во моите движења и во моите размислувања. Во нив ги смести твоите лесни раекажувања, топлите усни по кои ги ловам малите бакнежи, твојата рака што знае мирно да лежи во мојата, белината на твојата кожа, топлината на милувањата, неизвесноста што ти шета околу половината, менувањето на фустаните кои постојано ја губат должината и повторно ја добиваат во зависност од твоето гледање на модата, сините бои во кои повторно се вљубуваш и во кои плива мојот поглед како по езеро што се мрешка од твоите движења во одењето, во седењето, во зборувањето. Кога спиеш ти си изгубена во сонот во кој јас сакам да влезам и таму да не те напуштам и таму да имам куќа во која ќе бидам со тебе и ти со мене. XIII СЕГА ЗНАМ што треба да сторам за да го задржам оној дел од тебе што секој ден ми вели догледање и заминува со насмевка на усните. Но како сето тоа јас да го направам, а ти да останеш иста и да не се измвниш. Тешко е да го пробијам ѕидот на твоите размислувања кои се ненадејнн и предизвикувачки. Местото што јас го смислив ва тебе може да биде единствено и несекојдневно, но може да ти биде и знајно. А како јас да ги откријам твоите патишта, а да не ги загубам моите. XIV ОДАМ ДАЛЕКУ лут на себе. Лут на тебе. Лут на љубовта што ми ја даде без да ти ја барам, но што ја прифатив зашто тој тивок налет од тебе влезе во мене и се спушти како магла од која не можев, а и не сакав да излезам. Јас создадов се што мислев дека ти сакаш и дека ти се допаѓа. Јас се фатив себе како ти се додворувам, како ти угодувам, како се трудам да ги следам твоите барања нежни и љубезни, како влегувам во твојата примка од тишина и нежни мириси што ме приврзуваа кон тебе и што ме доведоа до тоа да се фатам во единствената љубов на мојот живот. Јас се фатив во линиите на твоите мрежи што ти излегуваа од очите и во кои лежев задово-лен и зашеметен. И сето тоа јас сега го гледам, а ти стоиш среќна во осаменоста што јас ти ја нудам. XV ВО ШУМАТА во која шетавме изморени од долгата љубов ти непрестајно ми откриваше тревки и птици и имиња на животни за кои јас прв пат од тебе слушав. Сето тоа беше ново за мене и се исчудував од каде сите тие имиња во твојата глава. Зошто сето тоа си сакала да го знаеш? Дали овие откритија само јас ги слушам за прв пат од тебе? А, ако ги знае и некој друг, дали тој сега стои во стакленото ѕвоно на твојот заборав и дали ти помислуваш некогаш на него? Зошто сакам да се измачувам вака покрај тебе кога можев сосема едноставно сè да отфрлам, а јас го прифаќам мирниот налет што ти го подготви за мене и ме повлече сигурно и без двоумење. XVI НЕ ЗАТОА што го паметам твоето ветување, туку затоа што ги чувам спомените на твоите приказни за местата што ги сакаш, за игличките полни со мирис од момина солза и згмечениот цвет на јоргованот, за искуството на смртта и за бесконечноста на водените пространства, јас не без морничавост очекувам било што од тебе. XVII СО ДЕНОВИ веќе го носам писмото за тебе затворено во син плик. Но како сето тоа да го сторам и како да го средам редот на твоето име во мене, а денес некои нешта ми стануваат сосема јасни и, повеќе од тоа, јас го чувствувам твоето присуство во мене, се откривам себе во тебе, како да си самата ти влезена во мојата соба, проѕирна и нежна, недофатлива и покрај тоа што мојата рака се нурка во твојата коса и моите усни го чувствуваат крвотекот на твојот образ, но ти тоа го забораваш. И како што сум ти благодарен за гвоето сеќавање на мене, сега сум ти благодарен што споменот ми го враќаш со твоето повторно доаѓање и, кога пристигам до водените широчиии, знам дека во големината и тишината на нивиото постоење, во струите на проѕирната вода ја барам твојата сенка за да ја бакнам. XVIII МОЕ ДРАГО Езеро во полноќ и во рано утро, покрај твојот молчелив лик — прошетките се песни за тебе. Изгубувајќи те во денот јас брзам до Езерата. Овде си толку присутна што не ќе може уште еднаш да те изгубам. XIX ПО ОБИЧАЈ веќе, писмата што ти ги праќам секогаш ги примаш со задоцнување. Еве, веќе сум во твојот град, пред твојата куќа, која веднаш и сосема сам ја препознав уште вчера, кога поминував покрај неа. И веќе денес по дожд јас £ се доближувам со морничавост, барајќи го прозорецот на твојата соба што ми се наемевнува. Оваа куќа, и оваа земја и нејзините Езера со гласовите што се нурнати длабоко и неповратно, го носат твоето име и твојата насмевка. XX ВЕЌЕ МИСЛАМ на средбата со тебе и не знам што е поголемо кога сум со тебе: радоста — што те среќавам, или желбата да се вгнездам во твои-те утрински будења, во твоите дневни работења, разговори, прошетки што ги правиш со мене, а јас те држам цврсто притаена до мене и ги кријам моите поранешни мисли во кои тебе те немаше. XXI МЕ ЗАБОЛЕ твојот страв за кој ти ми пишуваш, зашто јас не го почувствував. Радоста беше моето единствено чувство — радоста заради средбата, заради нашите зборови, заради познанството со таинственото животно, кое е самото тело на сеединство. Но ако те чувствувам, што е и вис-тина, како можам да не го чувствувам стравот, сега кога ти ми пишуваш за него. А радоста во мене сè уште е толку силна што ме смирува. Се присетувам — имаше брзање и зашеметеност во разделбата. Чувствувам мала горчина заради тоа. Не те ни бакнав. Но зарем не се сеќаваш? Во брзањето сакавме да ја сокриеме нашата средба. Чувајќи ја средбата во нас и во брзината на нашата разделба, ние како и да не се разделивме. Така ти остана во мене овде. Или јас појдов со тебе. И сега читајќи ги книгите во кои спијат предметите на твојот живот, насекаде те откривам тебе и кога ти велиш: за мене тоа е многу значајно — тоа го велат сите градини, бескрајното езеро, мојата длабока љубов, сето тоа си ти со твојата желба и со таинственото животно. И, слушајќи го овој говор, како шумолење на шумите и небото, каде може да бидам јас, а да не сум под небото. XXII МИЛА МОЈА, денес те барам, ти си некаде на друго место. Не си таму каде што ѕвони мојата желба. Па сепак во таа моја желба, во тој мој повик, ненадејно се вплете, од кој знае кое место, јаз-кот на твојот говор и моето срце трепереше. Од кога тебе те знам, го сакам говорот на твоите усни, песните на твоето око, го сакам Езерото, ја сакам една куќа во Битола, го сакам едно мое дамнешно патување што живее во тебе, го сакам твојот град и реката, чистачите на чевли, покрај кои ти минуваш и не ги забележуваш, грнчарите и дождот од твоето сончево небо. XXIII УБАВ ЛИ ПРОРОКУ, поубаво ли пророштво: дека ќе те видам и дека ќе те бакнам, Езеро, Брегу што се губиш во далечина. XXIV МЕ ЗАНОЖИ чамотија, во овој миг, Драга Моја, кога Ноќта не е дојдена, а Денот е веќе темен, сè уште ги гледам белите гроздови на расцутениот багрем и последното светкање на Небото меѓу нив, но друг е тоа свет и друг живот, јас одвај дишам. Ми недостасуваат твоите тивки зборови, линијата на твојот глас и твоите светли бакнежи. XXV КОГА ГО ЧИТAМ твоето писмо што ми го носи твојот говор, знам дека се тоа тие зборови што ми недостасуваат и кога потоа ти го слушам гласот, ја препознавам линијата што ми треба. Сега ѕнаеш што уште ми треба за да ја преболам самотијата: твоите искрести бакнежи. Недела е. Ти пишувам писмо. Во моето срце е свеченост. XXVI НИКОГАШ како во овој момент не сум ја чувствувал така длабоко немоќта на зборот. Ако не сум во твојот град со усните на твоето лице — што можам да ти кажам? Најдобро, би молчел за да почуветвувам до крај колку ми недостасуваш, целата жива, вистинска, будна: за да не ја залажувам со зборови оваа празнотија што се вовлекува како мраз во моето тело и во моите коски. Во овој момент ти можеби мислиш дека јас ќе дојдам и затоа ми е уште потешко што сум овде. XXVII ПОВТОРНО Е НЕДЕЛА, ден што сум го сакал уште од најраните дни на моето детство. Нема сонце, но денот е заробен од мирисот на липата. Дрвјата и цвеќето покриени со капки од ноќниот дожд, светкаат во убавина. Но ти си поубава од топлината што спие во мене. Твоето старинско чекмеџе, твоето срце преполно со злато, со златната болка на љубовта, те прави поубава од најголемата светлина што ме обзема и во која живеам од кога те знам. XXVIII КОГА ДОАЃА НОЌТА го чувствувам твоето срце затворено како воден цвет во мојата соба. Многу ме заболе последниот разговор со тебе, колку само се трудев да бидам весел. Како да не зборуваше ти, тебе што те чувствувам толку блиска, како да си ми под срцето — како да беше од некој друг свет. Таа ноќ заради која водениот цвет — твоето срце — се затвори, дали за тоа беше причина моето молчење? Но и таму те гледам убава и мила. Те покрива една сенка, но јас те гледам, како што ја гледам во оваа ноќ, ѕвездата меѓу облаците, езерото во паркот. Ја слушам тв-јата далечна песна, вечната песна на твоето срце. Околу мене има многу свет, но те нема тебе, најмила. XXIX ЕДНО ДОЛГО МОЛЧЕЊЕ ме дели од тебе. Во мене се крие оиот деи што ти ми го даде и знам дека повторно нема да се јави. Јас не чекам веќе ништо што може повторно да нè зближи. Далечни се твоите драги мисли од моето срце. Јас се собирам полека и сигурно во нотите на моите песни и знам дека веќе ниту еден поздрав од тебе нема назад да ме врати, до поранешните мисли што тебе ти ги праќав и за кои мислев дека се единствени и вечни. Сега знам дека твојот страв од далечината меѓу нас е вистина, конечна и трајна. Јас не знам дали повторно ќе те сретнам, а ако некогаш тоа се случи, можеби нема да ги препознаам сеќавањата за тебе. Ти не се лути на мене зашто сево ова тебе, од самиот почеток, ти беше знајно и крајот што јас го ставам за тебе и не е крај. Ти знаеш да го вратиш твојот живот од таму каде што сакаш, а ако еден ден се случи тој почеток да биде дел од мојата мисла, јас нема сериозно да ја сфатам. Се корам себе што сево ова морам да ти го кажам, но јас успеав себе да се спречам од твоите допири што како вода влегуваа во мојата глава. Останувам сам, онака како што ме знаеш. XXX ВО ОВИЕ МОИ испретурени денови и патувања полни со несон и заборавања меѓу шуми и дождови, јас ги паметам како сон и како желба твоите ретки доаѓања, твојот глас што го преплавува воздухот меѓу нас, радоста и стравот во твоите реченици, твоите фустани и златната прашина по твојата кожа, што сè уште ги чувам. XXXI МАКИТЕ И ИСКУШЕНИЈАТА што веќе ги запознавме, дали ќе може да ги заборавиме: во налетот на застрашувачката убавина га повикуваме новите. XXXII СКОРО СЕКОЈ ДЕН се обидувам да ти се јавам, те чувствувам покрај мене, но оној миг кога макар само со гласот ќе те допрам, никако да дојде. Постои милост! Стишува твоето писмо и неколку сини линии. Колку е сето тоа полно во овие пусти и болни денови. Како тоа го одржува срцето во живот. Колку сум ти благодарен. Каква милина и возбудлива убавина имаше во твојот глас кога ти се јавив после такво отсуство. Колку сум ти благодарен за тоа и колку те сакам. Мила моја, Езеро мое ... Колку си ми драга, целата си од златна убавина и од вистина, толку потребна нам, на несигурните, смртните души. Денес ме боли душата. Толку сум смртен. И потребно ми е да го чујам твојот глас, потврда дека постоиш на овој свет и дека еден ден ќе дојдеш. Дали ги насетуваше овие зборови во сиве овие дни? Зашто, јас ги носам со денови во себе, те носам тебе и се врткам во овој свет барајќи го твојот знак, да го бакнам. XXXIII МНОГУ ТЕ БАРАВ и во тоа брзање и нетрпение, да бидам што поскоро со тебе, да те чујам, со денови сум, скоро две недели, со тебе ... Сакав да те повикам, да разговараме. А, ти драга моја, каде си? Сосема ненадејно на овој ден, пред една недела, пристигнаа твоите дарови: твоето писмо и делот од твојата Полска: Шопен. Мојот ден така навистина стана свеченост, свеченост во мене, свеченост со тебе ... Има ли поголеми чуда на светов од тие што се средбите: ненадејно од еден друг свет доаѓа твoјот глас, доаѓа љубовта и чувството како коските и крвта се будат и се соединуваат меѓу себе и со сè околу себе ... Те љубев тој ден, како и секогаш, но тој ден многу повеќе, те љубев целиот втонат во твојата нежност и самиот нежен. Денес повторео ме престигаш со твоето писмо и со песни. Како сето тоа одѕвонува во мене. Мила моја, кога те создавале боговите те бакнале и рекле, еве одбрана за несреќниот! Дојди мила моја, сонцето веќе стигна овде, само уште тебе те чекаме. XXXIV ОД ОВА МЕСТО каде сум сега, те поздравува една црква и човекот што во сеќавањето помина крај неа, за да ги собере сите светлости на годината, за тебе. КОГА ВОЗОТ ДОАГА ВО ЕДЕН ДАЛЕЧЕН ГРАД, А ЈАС ТЕ ЧЕКАМ НА СТАНИЦАТА КОГА ВОЗОТ ДОАЃА во овој град, јас го слушам неговото шумење и мислам на денот што го чекам заедно со тебе. Ти си сè уште зафатена околу куферите и фустаните, што пред огледалото во нашата соба ги облекуваш и мислиш во каква прилика ќе ги носиш. А јас знам дека сето тоа нема да биде ниту извадено од куферот, зашто јас те чекам без сите тие дребулии и не мислам на нив. Ти слегуваш од возот со насмевка, што ти стои во средината на усните, рацете ти се зафатени, а некои туш луѓе ти помагаат. Јас доаѓам до тебе, ти оставаш сè и ме гледаш и тогаш знам дека ги забележуваш најситните недостатоци на дтоето лице и малите побелени коси. Знам дека го гледаш и белегот кај десното око и сите мои мисли што низ главата ми минат ги мислиш, а јас само чекам сè да одмине и да те однесам на најтивкото место во овој град. Да те однесам во малата соба на петтиот кат, без лифт и да ти го покажам градот, од местото од кое секое утро го гледам, сонлив и бучен, со ситни прашинки што ги разнесуваат гулабите и ти да стоиш среќна до мене, да ме прегрнуваш околу половината, со твоите ситни прегратки, на петтиот кат од малата соба во далечниот град на нашите мечтаења. На лист хартија на твојата работна маса стои описот на моето тело; ПЕСНА Ти наведнат над песната ги коригираш грешките на моето тело. МИСЛИШ Ова тело по сеќавање е слично на нејзиното, секое ковче влегува во склопот на замислата. Има ли недоетатоци, се прашуваш. Ова тело нема видливи недостатоци. Има сончеви пеги по рамењата, изгоретини од сонце. Но јас ти одговарам, легната во песната на твојата работна маса: Не, тоа не се изгоретини од сонце тоа е моето несовршенство, продолжуваш и коригираш: нејзините дојки сосема отидени лево и десно, оваа празнина меѓу нејзините дојки е сосема доволна да ја прими мојата глава. Ти ја местиш главата во песната меѓу двете дојки. Доаѓаат пријателите и те гледаат целиот испружен над работната маса во грч на задоволство и омама и констатираат: со него веќе дванаесет години се случуваат чудни работи. Тој води љубов со своите песни. ПРИЈАТЕЛИТЕ РАСКАЖУВААТ Тој дванаесет години е надвор од својата вистина. Доби и некои изобличувања што не се нормални за физичкиот изглед на еден педесетогодишен човек, колку што тој сега има. Но пред да има педесет години тој имаше триесет и осум и тогаш изгледа се започна. Тој долго раекажуваше за полнетите лигњи на жар во Дубровник, за некое бело вино и за една црвена пепелница што ја украл од „Астареа“, а пред тоа тој и можеби јадел полнети лигњи на жар и можеби пиел бело вино, но, не, по ѓаволите, тој никогаш не крадел пепелници од по хотели. Ова се првите знаци наивни и смешни, на прв поглед, што го доведоа до ова. Тој навистина беше еден извонреден човек, констатираа пријателите. ЈАС МНОГУ ДОБРО ГО ЗНАМ ДУБРОВНИК Мисли тој самиот: Јас многу добро го знам Дубровник и нема причина да не и го покажам. Убаво ќе ја фатам за рака и ќе ја водам низ Дубровник и £ велам: Ова е Дубровник, скришна моја, тој е стар, бел и сосема неосвојив. Таа ме прашува, колку е стар, стар е, стар е, неизмерно. Оваа тврдина и нејзините шеснаесет кули, ова е Минчета, — го драшува таа и чекорат во бавен ритам кон Минчета и уште кон петнаесетте други кули, тој £ вели Кнежевиот дворец, салата во дубровничкиот музеј црквата на Св. Влахо од XIV век, погледни каква убавина се крие во неа, сите невести на времињата и ти со твоето убаво лице и ти со твоите очи загледана во неа скришна моја, убавице, убавице, те љубам и умирам над тебе, во аквариумот на поморскиот музеј, ене го моето изгубено срце плива со ритамот на брановите во почетокот на VII век, јас заедно со избегамите од грчко-римскиот град Епидаурус, денешен Цавтат, го основав овој Град, но косга земјотрееот го уништи Епидаурус, новата населба ја викавме Рагузиум, што во VII и VIII век се полни со Словени и тие го сшдадоа својот град Дубровник и двата града се обединија во XIII век. Каде се тие опасни времиња кога Дубровник £ конкурираше ва Венеција, босанското и српското злато, сребро и олово го товарев на дубровничките бродови за Италија го праќав, се сеќавам на сите проширувања на Дубровник и времето кога ни припадна и Конавлје и Дубровничката република и на земјотресот од 6. IV. 1667 година и на пожарот што потоа го зафати градот, а јас вљубен во тебе, изгорен по тебе, со главата меѓу двете дојки легнат над песната, над работната маса, како што ме најдоа пријателите, уништен во раскажувањата за Дубровник, за чешмата, за изворот вода, од кој ти пиеш, а јас сум таа жедна вода во тебе, скришна моја, ти го ладам срцето во сред Дубровник со бело вино, те ранам со полнети лигњи на жар и полека умирам, а моето мртво тело го носат млади луѓе по сред Страдун, ти некаде во продавницата купуваш прстења, накити, суво цвеќе и не ме гледаш мене умрен и загинат како ме фрлаат во морето да ме јадат морски риби и солената вода. ТАА ГО ГЛЕДА НЕГОВОТО МРТВО ТЕЛО НА СТРАДУН Го носат мртов, оладен, мојот љубовник, младите момчиња од Дубровник, на раце го носат, а јас се уште стојам како лист хартија на неговата работна маса и не можам да им викнам: еј, вие таму, застанете, оопрете, тој не е тој вистивскиот мртовец на мојата љубов, тоа е неговата голема измама што вие сега ја носите е само привид на него самиот, тој е овде над мене, погледнете меѓу моите дојки лежи неговата глава, тој е лажица во која јас лежам, немојте да фрлате невин мртовец во морето, да го јадат морски риби и солената вода. Тие ништо не слушаат, поминуваат покрај мене и заминуваат, и тој ми мавна со рака и ми се насмевнува: јас сум сè уште твојата лажица во која ти лежиш. А пријателите, тие констатираа: тој е сосема изменет, овој мртовец не е тој. Таа смрт од дванаесет години тоа е неговиот живот. Збогум, му велам удави ое во морето на мојата кожа, влези во нејзините пори и потони длабоко, најдлабоко, во рибата, во отворената школка, во бисерот на слатката измама. ВРАТИ МИ ГИ МОИТЕ СПОМЕНИ Олади ја главата во сината вода на морето, навлези во темниот куршум на неговата широчина, нурни длабоко, најдлабоко со плиткото лебдење на летото, во пространството на оваа планина, на оваа аждаја, на оваа силна вода, а каде ќе стигнеш, само до мојот брод, до капетанот на „Розалија“, до мртвите души на моите љубовници, до светнатите очи на рибите што те застрашуваат, а ти среќен ми довикнуваш: ова море, ова блаженство, а јас ти ги праќам срцата на удавените, до влезот на твоето срце, а јас ти ги праќам зелените костури на умрените, да ја повратат водата што ја испиле, а јас ја испраќам крвта од коралните жили што ти ги лови нозете и ти влегува низ нозринките, а ти ја вдишуваш и велиш: слатка омамо, совршеиство на вековите, море — смрт, море — ти, Јас сум твојата алга што го цепи морскиот сапун и ое лизга во твоите отвори темни и остри, во слатката јазбина на смртта од која не сакам да се вратам, да останам со главата меѓу твоите дојки, дванаеоет години смрт во сенката на моите спомени. БЕСКОНЕЧНОТО Ако на сон ми дадеш леб и јас гладно го јадам, ако на сон ми дадеш вода и јас жедно ја пијам, ако на сон ми дадеш пари што да купам, што да купам. Купи го сонот одново да го сониш: во кој ти давам леб, а ти гладно го јадеш, во кој ти давам вода, а ти жедно ја пиеш, во кој ти давам пари сонот да го купиш. ТАА ОДИ ВО ОХРИД ЗА ДА ГО ЗАБОРАВИ Се оддалечува од него со силни интервали, а тој од прозорецот на ноќта се јавува и £ вели: има облаци и ќе врне, внимавај, овде силината ка ветерот ое мери со бофори, тоа значи морска бура, летна луња, што крева во воздух и лисје и гранки и животни и луѓе. И мене лм ќе ме крене, го прашувам, и тебе и тебе. Еден силен бофор ме крева од Требиње преку Јадранското Море и Албанија ме спушта на самата површина на водата, на ОхриДското Езеро, на светнатата руда — жива и јас се лизгам над оваа срча шго секој миг може да пукне. Внимавај, ме опоменува, јас сум сега сам над лист хартија на мојата работна маса ги правам корекциите на твоето тело легаато во песната. Внимавај на тоа тело, на тие кубни сантиметри совршенство, на вулканот што работи, внимавај на неговата плодоносна лава, о, внимавај ти се молам, особено на Охридекото Езеро. ТАА НА ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО Околу неа вода, трева, луѓе, риби, а тој од далеку ја опоменува: внимавај на своето тело, ги правам последните корекции на ракописот за тебе, внимавај особено на сите оние места, до кои јас сд уште не сум дошол, тие ми се страшно потребни за новите поглавја, внимавај ти се молам, на твојот однос со новите познанства, а старите одбегнувај пи, зашто тие ти приоѓаат со сигурност и веруваат на твоите сеќавања, немој да ме заборавиш, а таа цепи далеку низ водата и и се губи брегот. Од далечината на водата, таа не ги гледа ниту куќите, а камо ли луѓето, брегот е невидлив хоризонт во далечината и таа оди длабоко и уште подлабоко во ладното срце на езерото и тоне во неговата тивка длабочина среќна, осамена и мртва. АГОЛ Ги слушам стапките на умрените, во бесконечноста на наќта. Браншите ми го плакнат челото цатопено со роса и пак мислам на сенките. Лилјаците го бараат своето место во аголот на гробот. Тие ги сакаат умрените, зашто живеат од нивните сенки. НЕГОВАТА НЕМОЌ Тој ја изгуби моќта над неа: таа е во водата отидена далеку, бесконечно, Веќе никој од брегот не може да ја види. Нејзиното шоивање и водата не го чувствува, сега сè е веќе дно — жена — езеро, езеро — жена. Зботум, збогум, му вели таа на воздухот, збагум, збогум, му вели таа на сонцето, збсжум, збогум, му вели на денот и збогум на ноќта, јас одам во светот иа неговата работна маса, одам во нетовата нова концепција за мене. О, погледнете велат пријателите, па тој се уште отои со главата меѓу нејзините дојии. КАНЕО Длабок амбис под тебе стои во кој сите мои години се ронат. Далеку од водата сув гуштер те лази. Твојот изгубен цвет во мојот крвоток бега. КАПЕТАН НА БРОД Ти ја имшне твојата. млодост од која го црпеше животот. Ти ги имаше твоите спомени и школи од кои излегуваа твоите зборови, закани, напаѓања, прекори и пофалби. Ти ги имаше твоите пријатели од кои добиваше поклони, свадби, дарови, овоштија и слатки соништа од мене, во кои мене ме немаше, а не го виде делфинот како ти дава знак, напуштајќи го темниот простор на водата и скокајќи во слободниот простор на воздухот. да те предупреди: остани си во твојата сенка од јаболкница, ти вели, собери се, притаи се, обѕрни се низ просторот, таа си отиде на бродот „Розалија“. Но тој брод го нема, ти повторуваш, го нема одамна, никаде. Сега знаеш: сè е измислено и ти и таа и бродот со кој исчезна. ПОВИК Во завои, песок и вода е сплеткано твоето модро тело. Сега го чекам уште последниот извештај. Прашини и звуци од тапан, го рушат кровот на твојата нова куќа, а таму во дното од скалите, се кријам од опасноста што во долги јазици се доближува до мене. Да одам горе не смеам, да излезам надвор не можам, да дојдам со тебе е смртен грев, а твојот глас допира до мене: направи го тој твој смртен грев, растерај ги мислите што ти пречат, за да дојдеш до него, влези во циклусот на молњата, светни со нејзината силина, дојди со нејзината брзина. НЕЈЗИНОТО ВЛИЈАНИЕ СЕ ЗГОЛЕМУВА Не можам да ја гледам вака од страна. Сите градови се заљубуваат во неа, ова е незамисливо, а таа ги прима пораките насмеана, среќна, задоволна. Бега нејзиното тело од мене, а мојата глава, а нејзините дојки, дали да одам до неа, дали да се вклучам во кругот на градовите околу неа, што го забораваат своето име. Одам, трчам и седнувам до неа, продолжува да ми зборува, да ми се смее, а некои други градови £ ги бакнуваат рацете, а некои други лица го затвораат моето лице, моите бегања, каде се сега, мојата храброст да се сокријам пред неа, каде е сега. Таа сè зеде, сè ми даде: животот, љубовта и умирањето во сонот. МОЌТА НА СВЕТЛИНАТА Седиме во осветлени соби под тешки сонца, а сигналот на светлината влегува низ прозорците. Нашите нозе ги лади подот по кој лежат непреведени песни. Таа редица долга и бесконечна, нетрпелива и неостварлива, а ти се насмевнуваш од зад кутијата на вечноста а светлината: влегува насекаде, насекаде, со нејзините бои што тебе те обвиле, ми велиш, можеби овде постои некој процеп што времето го длаби низ кој и ти ќе влезеш. ПИСМОТО ШТО ГО ПРОНАЈДОВМЕ После тебе, твоите чекори во градината, после тебе, водата тече и ти ое миеш, после тебе, разговорите после 5 за кумулуеи, стратуси, мапнуси, после тебе, звуците на твоето живеење: корката од лебот меѓу твоите заби, кошулите, шалчињата околу вратот, четката за заби, сапунот, вртењето на страниците на новината после тебе, таа новина сè уште чека секој ден на твоите раце, на твоите очи, на твоите мисли, после 5 часот секој ден, после тебе, ладната пареа на кафето во просторот го бара звукот на твоето постоење, после тебе прашањата: како, каде, зошто? после тебе, не знам, не можам, не сакам, после тебе, бојата на земјата, сива, подгорена, опрлена, длабока, темна, после тебе, во звуците на тишината, во одѕвоните на темнината, после тебе, ти во светот на нови доживувања, како, каде, зошто? после тебе, белите дни на животот, го викаат твоето будење, после тебе, гулаб, галеб, лебед, на мојата лева страна, на рамото седнат, впикан во мојот врат со својот врат, после тебе, гулаб, галеб, лебед, бел, најбел, го бара моето милување, после тебе, ја кревам раката да го милувам, а тој се плаши да не го турнам и уште повеќе се пика во мене, после тебе, а јас ја доближувам раката во тој гулаб, галеб, лебед и таа тоне длабоко, длабоко во чистата белина на пердувите и нема крај, таа беснонечна белина во која тоие мојата рака, после тебе, а тебе не можам да те дофатам ниту кожа, ниту коска, ниту месо, само бесконечна белина во која ти се загуби, после тебе, мојата рака исплашена се враќа назад и бега од таа белина од предизвикувачката мамка на смртта, после тебе, соништата во кои стоиш исправен, насмеан и нем и ме чекаш да ти се доближам, после тебе, невидлива рака ме враќа, како, каде, зошто? пасле тебе, во осаменоста на попладнето после 5, после тебе, ти во твојата осаменост. ТАЈНИОТ ЖИВОТ НА ЈОАКИМ К. Сега камбаните длабоко во водата одѕвонуваат. Нема никој кој да ја отвори сликата на нивните длабоки бранувања. Нема никој кој да ја засече густата и мрачна пустиња, мразот на неговиот образ, нежната мрежа на годините. Тие длабоки одѕвонувања од водата, се издигаат над просторот, над осаменоста пуста и бела и сега неговиот живот започна да плива мирно и нежно во моите вени низ кои тече неговата крв. АКО СЕ ВРАТИ ЈОАКИМ К. Немој да се враќаш: таму стојат сите сеќавања. Пукна проеторот по кој се движат вибрациите на телото, се кине зелената светлина во мовта на твојата ладна глава се губи времето во нови судири. Таму ечат гласовите на загубените, пелените на заборавените просторни допирања, а патот по кој се иде, а патот по кој се оди, а пустата тврдина над која лази магла од мрави, ореви во тремот по кои се лизга една мисла: дали да ги каснеме, дали да ги згмечиме масното ткиво на плодот, зрелата јашка на сонот. ГУБЕЊЕТО НА ЈОАКИМ К. Таму се судираат во длабока тишина бавно, без сетила, без налет, освојувањата на гнездата. Се кршат пред време нежните корупки, белите слашки клетши, жолчката, јадрото, семето, се разлева над стаклената топка, во која спие хороскопот на твоето минато. Во раката го држиш погледот на твоето постоење, твојата соба, сега библиотека, сега канабе, сега пајажина по аглите, сега во непредвидливи допири, во ритмично движење на стаклеиата топка, го криеме пукањето на икрата распрсната по усните. Во тие длабочини изгуби се. ЗАЛЕЗОТ НА ЈОАКИМ К. Го возбудува, го интерешра, го привлекува слободниот залет на гривата лета, лета шкретот над бело поле во цвеќе и гранки суви треви, голи жени во темна вода бело, бело ги носи во бескрајот на далечното копно сè е ова имитација на твојата музика, на твојот сон во кој природата се крие-во бетон, челик, стакло, железо, топла пареа и темна куќа со инсекти полна и преполна, со жолти птици, од кои не може да се бега. НЕЖЕН БАКНЕЖ: ЈОАКИМ К. Сега. знаеш: морето соеема ти се доближува и ти та допира усните, рацете ти мрзнат во сината свила на водата. А кога го започна патот дали знаеш, дали се сеќаваш на твојата слика, на твојата скршена играчвка, на твојата постела мека, на допирите по белите скали на клавирот, се сеќаваш ли, на нежниот бакнеж на музиката на сонриената мелодија, се сеќаваш ли — ти блед и изгубен во понорог на твоите ноти, јас оставена и заборавена. Сега знаеш: морето ти се доближува и ти ги допира усните, рацете ти мрзнат во симата свила на водата. ВИСОКИ ГРАДБИ Таму на дното се носи песок, цигли и вар. Метал и стакло. Го започнуваат долгиот пат до врвот и тоа бавно одење се претвора во бесконечна спирала што го дупчи пространството. И колку што одат во просторот на темниката, толку повеќе се губат од земјината тежа и ја обликуваат новата магнетна врска со длабочината на непознатото, од каде се множат временоките промени: движењата на ветерот, раздвоените семки на плодовите. Влегуваат во виеочините, а веќе младоста им поминала и староста ги оставила, се пи заборавило и темелот што го изградиле, го однесле води, поплави, а само силата на минатото ги држи во просторот бестелесни и проѕирни. ПРОШЕТКА Така, се наместија тие светлини во одредена боја и го означија големото преселување на живата во рудниците. Се давеа длабоките клетки на земјата, во немирот од раслоени пластови и некои поместувања од голезии размери го менуваат циклусот на месечевите мени. Ти, со крената рака отоиш над просторот од темнина и тишина. Меѓу прстите ти растат коприви, од срцето се цеди песната на твојата љубов, го следам тоа двшкење што ме води во разместените слоеви, во корењата на глувариците, а таму горе мојата ќерка им го дува цутот и семето се сели на соседната планета и се судира со новигге соѕвездија што ти седат на длаика. Сега и рудникот спие и живата престана да се тресе — таа пихттија од отров и смола ги затвори соте процепи. Добро сме заштитени од воздухот, можеме да продолжиме со сонот. РИМСКИ ЉУБОВНИЦИ Се капат во сончевите портокали, во земјата од куќите што паѓа, во правот низ воздухот што шета, се капат во погледите на минатото по улиците што плива, еден камен, еден столб, еден бакнеж жолт од време и останува во вечната прегратка на својата. љубов во прегратката на градот, во амбисот на времето над кој стојат тие. ИТЕА Моето срце стои во тебе отворено кон морето и маслините, а ти се двоумиш меѓу двете мориња меѓу двете миризби на летото. Маслините цутат и целиот Пелопонез е во агонија, а ти умираш меѓу солените карпи на морето со моето срце во тебе. ВО ЛЕПЕНСКИ ВИР ДОАЃАШ Пријателите те носат во Лепенски вир за да те спасат од мене, а не знаат дека таму те чека моето скаменето тело покрај огништето на нашата куќа од пред милион години. Еве, те гледам стоиш пред мене, луѓето ти зборуваат, а осамен си, загубен, во тебе само јас сум присутна, ги гледаш овие фигури во каменот моето лице те чека, го препознаваш и ми приоѓаш. Со фината рака одиш по грубите линии на моето лице ги мазниш моите распукани усни, ги бакнуваш очите, го бараш моето тело, ти застануваат рацете на моите дојки, а тие бегаат лево и десно, се прави убав простор меѓу нив и ти ја местиш главата на лист хартија на камеиот од мојот живот, јас умирам, а ти продолжуваш со твоите прошетки, по Ѓердап и Долни Милановац, одиш низ Мироч, планината те освежува ти мислиш на мене, а мојот камен тоне во длабоките води на Дунав. Сакав да ти побарам фотографија, ми велиш, па се сетив: ти си сè пред мене цела, сочна, остра и слатка во песната што ја пишувам на работната маса. ПОВТОРНО ЈА БАРАМ Каде си, ја прашувам. Каде е, се прашувам ова суштество, нозе, дојки, гради, лице. Како да го направам описот на нејзината состојба, дванаесет години покминаа од како го смислувам Допирот со неа, ја паметам ли, или мене тоа така ми се чини, го открив ли нејзиното тело, нејзината експлозија во мене, јас сум разнесен во простарот низ кој ја барам. МЕХАНИЧКА ЖЕНА И дојде тој ден кога нејзиното тело се распрсна на неговите составни делови: сè се разглоби во неа и падна околу неа. Така престана да постои во елементот на самиот почеток, а се разлеа на сите страни во мали потоци од крв. Дел — НОЗЕ Нејзините голи нозе се заплеткаа во свилената коса на куклите, очите ѝ влегоа во празните дупки на лицата од куклите. Зелените шетилни ѝ го означуваат патот по кој шеташе нејзиното распарчено тело. Таа влегуваше во експлозиите на просторот создавајќи нови екоплозии и му се доближуваше на вграденото сонце со закана. Дел —ДОЈКИ Нејзините голи дојки се надувуваа и малаксуваа во ритамот на пливањето. Правеа бранови во кои се давеа: таму некои датуми, некои битни настани од нејзиниот живот, па некои спомени на луѓе што нешто некогаш и значеле во животот. Дел — ГРАДИ Нејзините гради беа ковачки мев, кои под некоја невидлива команда ги создаваа ритмичките возбудувања околу неа и сето тоа се пренесувшие до блиската средба со сонцето што ја чекаше со нетрпение. А нејзините мисли во главата ѝ стоеја сосема свежи, во таа комора за длабоко замрзнување, остана целиот нејзин земен живот, убаво затворен Дел — ЛИЦЕ Нејзиното лице ги губеше свежите линии и се влечеше кон аглите на просторот. Електрицитетот ја затегаше нејзината утроба во сите правци, додека не ја направи тапан, по кој во ред со нетрпение чекаа годините да чукнат по еднаш. Нејзината несреќа ја направи, да остане во времето и да ги собира изгубените делови на своето тело. И како ги собираше така одново ги губеше. СЕГА Е МОЈОТ КРАЈ Ова се најневозможните работи што можеа да му се случат, рекоа пријателите, погледнете: тој од овој раетурен механизам сакал да состави совршена состојба на жена, на суштество. Тоа се неговите соништа што го уништија, а јас то гледам моето срце како плива низ нејзиното тело, во аквариумот на поморскиот музеј во Дубровник. Погледнете, констатираат пријателите: неговата глава се наоѓа во описот меѓу нејзините дојки, а тие багаат лево и десно, погледнете, тој е умрен во љубовта со својата сопствева песна. КОЛАЧИЊА ОД СЛАТКА СОЈА Колачиња од слатка соја во утробата прават гнездо ова е само мала измама за една ластовица. Ластовица во Њујорк е бесмислица таа е само во една галерија таму има слика со магла и птици. Писателот се пика во лавиринтот Аријадна се појавува од зад секој агол. Сe е возможно и тој конец може да се множи со сите заблуди, питата е жешка штом од конецот се движи. ВО МЕТРОПОЛИТЕН МУЗЕЈОТ Во Метрополитен музејот дивите патки од Канада слетуваат врз телото на Тутанкамон, трудните жени ги потпалуваат камините, да го згрејат неговото мртво тело сe се собира врз него, бесконечни погледи во Метрополитен музејот го врзуваат светот на дојдените, светот на воздишките. Тутанкамон, Нефретете, Реарка и Мерсанки се вплетуваат ненадејно од Лувр, директно доаѓаат во свеста се сместуваат врз почвата на Њујорк сe изобилно се користи ништо не се губи само се сплескува во некои нови форми во фабриките за уништување на веќе стореното. ТУТАНКАМОН СЕ ГРЕЕ ИЗОБИЛНО Тутанкамон се грее изобилно вода му тече под петиците плунка од заборавени смокви му се лепи врз непцата на кинеските плетенки во тешка теллива коса од хиероглифи се витка змејот на квартот закопуваат една стара Кинеска нејзините синови се натажени и среќни, Сите жолти ѕвезди од небото паѓаат врз нејзиното ситно тело, тоа свети цело од станиолските светилки на продавниците во Њујорк. НИ СЕ ДОБЛИЖУВА КАМЕНАТА СЛОБОДА Ни се доближува камената слобода, со пламенот на нејзините воздишки. Никој веќе не е сосема сигурен во Метрополитен музејот се вплеткале сите светски чуда луѓето се движат избезумени од вкрстувањето на погледите врз предметите се гради сојузот на загубените во Њујорк, само Метрополитен музејот ја дава нужната безбедност на дојдените, на затечените што неуморно кружат околу Централ паркот. ВО НЕГО СЕ СЛУЧУВААТ Во него се случуваат најголемите настани од филмските приказни, се бакнуваат ѕвездите тукушто слезени од холивудското небо. тркачите трчаат со своите кучиња што ги мочаат шетачите, се гази во измет од доги, зад аголот е клубот на богатите во темните долги лимузини стигнуваат нивните љубовници завиткани во меки крзна под нив нивните голи тела се нудат пред замислите на гледачите, се доближуваат бавно до коктелите што ги чекаат во рацете на атлетите-бармени, го сркаат сокот од вкусови со меките јазици ги лижат усните, а бармените ги примаат овие немушти знаци директно во плексусот и силно се свиткуваат над шанковите испраќаат воздишки длабоки и раздразливи во вид на облаци над Централ паркот додека сите шетачи гледаат во овие воздушни цепелини над Централ паркот се множат доживувањата. МИРИСА НА ПЕЧЕНО МЕСО Мириса на печено месо од аргентински животни кожи од шуми се плескаат пред лицата на минувачите и сите влегуваат во овој ненадеен простор во кој секој секого може да го допре, сосема. Њујорк го дава својот благослов за трајна љубов меѓу световите. Новите експлозии се случуваат длабоко во срцата на загубените, слатка ламја се мести некаде во улиците и прави колачи што ги нуди во супермаркетите како дански кеик, избезумените домаќинки ги разменуваат рецептите со нивните ситни мезурки ги мерат продуктите за да дојдат до конечната сласт на колачот на ламјата, Њујорк незаситен ги лапа овие слатки производи што пливаат врз Хадсон во брановите се замислуваат некои дамнешни риби и ракови. ОВИЕ ЦВЕТОВИ НА ЊУЈОРК Овие цветови на Њујорк се носталгична слика за градовите, за безбројните зелени аранжмани во богатите квартови каде што жените не знаат какви се годишните времиња. Пролет, лето, есен, зима. Симболи се на креаторите. По фустаните што ги носат го менуваат системот на годишните времиња. Сe е во моќта на пламенот на слободата. Њујорк е топка во која сe се множи и се движи во единствена врска со шушкавите шетања низ апартманите — аквариуми од луѓе и риби. Насмевки со мирис на мартини, благи допири на мажи и жени ружи на Мадам Роша. Слика од милионски слики што кружи по патеките на Гугенхајм скулптурите, вода ги мие болните погледи на гледачите сe е толку совршено и француските сликари овде го дишат воздухот што не го сонувале. Како ли се чувствуваат сликарите во своите гробови, а нивните платна се продолжени раце врз лицата и гледачите, оваа блескава измама е блага заштита за парите низ кои само сега и тука Њујорк е филм музичка реклама за еден нов распоред на луѓето. КУЌИТЕ НЕ СЕ ИЗМАМА Куќите не се измама царства се на фараоните во секоја од нив по еден го гради своето лице на сфинга и невидливо ги движат усните додека јадат школки во чие месо крцка загубено зрнце песок, тие нудат француски вина и калифорниски специјалитети, слатко од цреши директно од Сан Франциско од под гробот на Џек Л. Ова не е привид. Во полутемнина се движат сликите на американската литература. Хемингвеј се смее од ѕидот. До него некоја жена го гради својот идентитет, а тој се руши и себеси, на крајот. Фокнер ја обработува плодната почва на Америка преку измачените лица на Американците и новите писатели гледаат од ѕидовите додека се отвораат школките и плунката од нивните меки тела се меша со плунката на фараоните, Јан Фрејзиер џвака трева од „Големата рамнина“ и сe се меша во овој отворен олтар врз кој стои Њујорк. БЛАГАТА НАСМЕВКА НА ИЗНЕНАДУВАЊЕТО Благата насмевка на изненадувањето лебди во воздухот низ кој се движат мачки, ангели и шамии се вплеткани во некои криминални настани од животот на градоначалникот. Тој ја отвора смешно вратата низ која влегува толпа луѓе завиткани во песочни облаци. Њујорк се рони врз сопствените улици, го обновува својот отпад без да трепне, камениот пламен го грее неговото срце затрупано од спомени за минатото, не се грижи за ништо што може да го уништи некој друг систем го гради неговиот систем. Малите луѓе Филип и Јона се загрижени за него се капат во матните води на сопствените постоења, каква благодарност градот може да им даде на смртните, само слика на камен пламен, слобода што гори во кругот на пламенот. Попа е тука сосема близу го преведуваат особено во Сан Франциско, Њујорк навлегува во новите митологии со блага насмевка на длабоко разбирање. Каде се сега сите видливи и невидливи во овој свет сам за себе што помага со давање благослов за лесно умирање. Кому служат овие гробишта се свртува кон нив Њујорк броејќи ги сопствените израстоци до небото собирајќи ги сопствените недоразбирања што дишат со неговиот звук.__ ЧОКОЛАДНИОТ КОЛАЧ НА АЛИСА Чоколадниот колач на Алиса може да биде изеден во еврејскиот кварт сите куќи добро затворени, предворја, огледала, цвеќе, порцелански сијамски мачки стојат во холовите, ги плашат загубените, додека се испива петтото шише калифорниско вино, слаткасто, светло, сонцето на Сан Франциско за миг грее врз Њујорк, го осветлува неговото светло чело врз кое сјае ѕвездата на моќта, на големината, на силата, на жената. МАЖИТЕ СЕ ПОСТОЈАНО ГЛАДНИ Мажите се постојано гладни. Тешко е да се живее покрај стално гладни мажи се чудат Европејките омажени со њујорчани. Редот на животот има друга смисла, веројатно, некаде на друго место ги утешувам. Само Њујорк е причина за нашето останување. Заблудите се забораваат врз големината на оваа испланирана состојба. Оваа слобода смета на своето камено постоење. Озборувањата го обложуваат со обвивка од смеа. Сe е пресметано во клуновите на младите лебеди раздвижени врз желатинската подлога на езерото. Кој може да застане на патот на оваа блудница полна со исклучоци, ако веќе тоа не е сторено во топлото тело на каменот, му се смее на Кинезот што сака да шмркне од својот џинџер. АПТЕКАТА Е СЕКОГАШ ОТВОРЕНА Аптеката е секогаш отворена, врз неа паѓа дожд од куршуми, некој се крие во сред бел ден благи одѕвони се будат поради пладнето „точно на пладне“, „момчето што сонува на пладне“, „момчето што гледа ѕвезди на пладне“, жени што пливаат на пладне голи во ладната вода на реката, им се спротивставуваат на озборувањата, феминистки фатени во клопка, невремето го руши мостот за Конектикат, таму нема да одам, постои „Страв од летање“. Прашање за Ерика: „Нема страници од книгата искинати се, а книгата е од библиотека“. Одговорот на Ерика: „Веројатно не сум ги напишала!“. САМО ВО ЊУЈОРК СОНОТ МОЖЕ ДА БИДЕ ВИСТИНА Само во Њујорк сонот може да биде вистина. На секое друго место сонувањето на сонот е само сон. Овде се буди заспаниот со чувство дека не е изневерен, сe се случува после тоа, кучињата не се обични скитници, тие се дел од општиот хаос на животот, како во Африка орлите над сувите гранки чучнати што чекаат да се случи смртта, кучињата лаат по коњите и полицајците, нивното одвреме навреме лизгање по асфалтот ги збунува додека одат упорно по нив. Чекаат да паднат. СЕ ОТВОРА ПАТОТ ЗА ЛОНГ АЈЛЕНД Се отвора патот за Лонг Ајленд. Њујорк пропушта низ згустена цевка, одливот да се случува и луѓето заминуваат. Поминати времиња опишани во литературата доаѓаат. Ова се настани што предходно, некогаш, дамна, се прочитани, во топлите летни попладниња под Водно, додека жабите крекаат во каналот кај Капиштец, сега се обновува таа прочитана состојба „Големиот Гетсби“ плива над возот и мавта со малиот прст на кој сјае златниот прстен со зелен камен. Светилник. На Атлантикот меѓу голите нозе се мести школка, која некогаш навистина била школка. Нејзината старост е во каменот на слободата, во пламенот на жолтата песок, скршена е можеби од остареност можеби. Сега е сместена на сигурно. Го премина Атлантикот. Спасена е. Дали? Ветерот дува од Њујорк. Гајгеровите бројачи ги бараат во песокта загубените предмети. Под нозете ѕирка златниот прстен. Оној со зелен камен. Ова не е Фицџералд. Гетсби. Привид. Сон. Фикција. Лонг Ајленд собира риби и луѓе. ОД ОКЕАНОТ ДОПИРА СИЛЕН ВЕТЕР Од океанот допира силен ветер на брегот стојат шетачите ги шиба една нова струја низ меките тела се впива веста за Бермудскиот триаголник. Обезглавени морнари на едреникот „Розалија“. Каде се мечовите, каде се ножевите, ветерот е со неограничени можности врз ширната вода. Големата жена стои неизменета од времето на нејзиното создавање. Хичкок £ ја збогати биографијата со една нова смрт, тој далечен допир на нејзиното постоење, бродовите £ се плеткаат околу нозете, нејзината каријатидна убавина е ламја во сонувањето на Њујорк. Под сенката £ се раѓаат новите деца на улиците, кловновите го заклучуваат денот во сино ќесе. Ништо овде не се смирува, додека таксистот бара банана за неговата трудна жена, Њујорк се размножува бесконечно. НЕЈЗИНОТО ЗВУЧНО ИМЕ Нејзиното звучно име Петта авенија и не е толку голема и не е толку недофатлива и не е Шан Зелизе и не е некоја состојба во која се губи конецот и не е непристапна, убавите жени им се умилкуваат на мажите, продавачките се дел од новиот дизајн и додека жените ги бираат подароците мажите ги закажуваат состаноците со рибите од жени што ги нудат богатствата од Петтата авенија. Влегувањето во дуќаните е влегување во лизгави лавиринти полни со неодгатливи мириси што се пикаат под кожата, предметите се лепат врз телата со невидливите лепила на желбите и тогаш сека секавица и удира во ахиловата петица се бистри свеста и Петтата авенија станува невидливата месечина над Њујорк. ПОСЛЕ ТОЛКУ ГОДИНИ После толку години што ме делат од овој град, градиште, ѕвер, зошто сега го сонувам овој сон? ТОЛКУВАЊА 1. Нашите тела беа во предметите, во природата, во тревата, во годишните времиња, во секавицата и громот што паѓаше во градината во овошките, во плевата, во млекото, во постелата мека, што додека ги правевме нашите деца, ние станувавме ќерки и синови на синот што ни ја направи љубовта возможна. 2. Дали ми веруваш кога паѓам долу дека сосема паѓам. Долу. Дали ми веруваш кога влегувам во твојата тврдина дека сосема влегувам. Во твојата тврдина Дали ми веруваш кога зборувам за местата од каде што дојдовме дека сосема дојдовме. Од каде што дојдовме. 3. Седевме крај реката и Стариот Човек дојде. Наместо поздрав ни рече: Ќе ви ја кажам мојата нова песна - Ееееееееееееееееее! Започнавме да ја толкуваме, ние ќерките и синовите на синот што пред нас и самиот ја толкуваше. НОРДИСКИ ЉУБОВНИЦИ 1. Бел хоризонт, зад него - мрак. И додека врелите бакнежи паѓаат врз снегот, тие над меката кожа од поларната мечка ги допираат разбудените тела, а санката ги носи низ бесконечната поларна зима Му се доближуваат на белиот хоризонт, зад кој ги демне невидливиот мрак. Им дозволуваме да паднат, да се слизнат во слатката замаеност на љубовта и да не се вратат. 2. Зошто толку ме возбуди оваа телевизиска поларна зима Стуткана во меката топлина на загреаната куќа, ги откривам пропуштените можности на една дамна поларна зима, во која би биле можни евентуални телевизиски слики, во која би била можна санка и кожа од бела мечка, би била можна една предвидена љубов и бакнежи и страсни допири на тела во бесконечната снежна пустина, во која би била можна и остварлива една дамнешна понуда пропуштена, а по можност остварлива сега, врз телевизиските слики на некои други љубовници, кои веројатно гледајќи во мене, од белата и далечна пустина на телевизискиот екран - ја замислуваат можната замена за оваа мека топлина на куќата, во која што јас сега живеам, а тие го искористуваат далечниот бел хоризонт и се надеваат дека јас сум таа што се слизнува зад него во слатката замаеност на љубовта, од која нема да се вратам. 3. Ми нуди некои стари песни што тој неуморно ги пее. Ги заведува жените, а тие се вртат околу него, но не му се на дофат. Дали може да ги допре тие разиграни кристали што ги создаде далечната зима во неговата кристијансендска градина се прашувам, а знам дека одговор нема. Не онаков каков што може да го има во старата песна што веќе не може да живее, а да биде нова. 4. Како би било да се исанка оваа огромна далечина, а се да си биде недопрено, несредено, се така бескрајно по патот до белиот хоризонт? 5. Во далечната кујна каде што ги подготвува зимските школки од мраз и шекер, во далечната трпезарија каде што ги послужува своите редовни гости со тие специјалитети од зима и зира под замрзнатите покриви од неговите кристијансендски куќи, во кои живеат сите медитерански слики, тој задоволно ги грицка охридските бисери што се разнижуваат од под дамнешните агонии и ја збогатуваат неговата трпеза со овие непредвидени ѓаконии. 6. Врз замрзнатите езера тој чекори за да го скрши мразот и вода жива да излезе. Поради што ги прави овие чекори. И додека пареа излегува од под скршената мразна корка, ги откривам тие облаци - знаци што до мене доаѓаат и ме повикуваат да му се препуштам на бесконечниот бел хоризонт, зад кој ме демне, веројатно, невидливиот мрак. ВЕЧНИОТ ГРАД Враќање Сместен е и лежи: во дното на ирисот во болниот тек на окото, што го следи. Портокалова прашина се шири врз градот. Бавно се движат нашите тела. Го дробиме слаткиот сок - се цеди во дожд низ улицата Маргита. Далеку се крши стаклена топка. Венеција. Паѓа снег од бела хартија „РОУЗБРТ“ воздухот звучи. Во водата се дави гондола во венец од цвеќе и среќа, а во нас бие срцето на поларната мечка Допливавме од Северното Море. Впливување Влегуваме во устието на реката на санка од морска пена. Во термалните води не внесува ветер благ. Мажи и жени се губат во допир со кислородот сочен. Ги паметиме ги бележиме врз кристалот дрочен, собран од кристијансендските градини. Предупредување Не носи брод од женска чизма врз облаци од жолта трева, го враќаме сеќавањето движење кон далечна светлина: лимони и леандри, медни чаеви, слатки зборови, статуата од отрови пред очи ни се рони. Ја разгазуваме немилосрдно. Врз облаци од жолта трева, ноќта паѓа, а смртта полека не крева Низводно Заспиваме дење, се будиме ноќе, нè бркаат закани. Оваа река низводно до изворот бавно не носи. А само мала шурка од вода може да не спаси, од малиот прст се цеди Северното Море. Камења. и мачки Колосален страв пред вечни камења и зелени мачки. Овде одамна се кријат извици на борци во колежот од женскиот процеп полн со мириси на коси. Магла во есен, запалено лисје. Само жената невозможна може да се множи во бесмислицата, во боцката Над вечниот бунар Во бунарот повторно . ги видовме нашите лица - привид, дамнешна желба, да сме бесмртни во овој град риба, водоскоци и фонтани. Ништо не е стварно, само нашите пливања бавни кон далечните хоризонти, одкаде само што дојдовме да го провериме ова дно и ние во него. ПОЈAДОК Градот спие под покриви од чад и млеко. Скулптури од нежна кожа нè пречекуваат, лавот ни го нуди својот јазик. Ова е само сеќавање на еден друг мост и салто мортале на киповите од кожа. Ја цедат во скок водата од нивните тела До нас иде со зрак галењето на Северното Море. Лажичињата си бараат место меѓу нашите тела Пекмезот се цеди од непознати места. Лажичињата трчаат и го собираат. ПТИЦА И КАФЕЗ На пазарот за птици најмногубројни се канарки. Насекаде околу ѕвечка нивната смеа. Кафези - полни со слобода и бесконечни ноќи од црни лалиња семе од соја и коска од сепија Птиците од кафезите не следат, дали ќе ги купиме нивните слободи, а ние се вртиме кон белите каранфили, ги туткаме во зембили и бегаме од овие слики. Што би правеле со овие птици нивната мака и кафезот со неговата порака ПЛАДНЕ ВО ВЕНЕЦИЈА Нè плисна, нè чукна, нè шмукна, нè голтна и нè свари во својот стомак од облаци и тиња, во молчешка тишина ни го пушти немуштиот пламен да пече, а не да гори, им се умилкува на сите изладени места, на нашата поларна мечка, на сите пред нас овде што се скрасија и од зад аглите што молкум ни се огласија невидливите ни се јавуваат и нивните пладневни воздишки нè поплавуваат. Потонуваме, онемуваме под површината на нејзините улици. Нејзиниот лавиринт Во меур од морска пена не прибра ова ронливо цвеќе низ вековите што им спори, на сите мрачни и променливи - сè повеќе и повеќе. Ја држам во рака, во стаклена топка нејзината лавиринтска душа, Светиот Марко со лавот како куче во дворот го слуша, татнежот далечен од под земјата како збори: еве ви ја Аријаднината нишка не талкајте безнадежно околу моите фонтани излезете од мојот меур, пред да пукне пред и мене сама да ме чукне. Нејзините кристали Се обидуваме да ги сфатиме постоењата на водените улици сите тие логични бесмислици од мостови и пречки, ненадејни ѕидови, затворени врати, заробени градини во саксии, сардели, гардении и блескави чаши, муранските кристали бесконечни, ни шепотат, нè предупредуваат, дека ние не сме вечни. Нејзиниот најславен љубовник Во старата куќа влегуваме, низ темните ходници мириси на суво цвеќе застоена вода, запустени соби и механичкиот љубовник ни се покажува - Сите жени беа мои, низ овие ходници поминаа. Имињата не се важни, чувството за ново за промена ја сплете мојата слава. Јас ги редев допирите во ритам. Од него излегуваше мојата сила врз бледите жени врз нивната убавина. Бела Од глави крвта им ја креваше до жедните муцки на пијавиците и сите тие паѓаа покосени од моите механички допири. Нивните умрени тела. Нејзиниот магнет Бела копринена завеса во раце ни останува, мали нежни шамичиња летаат над покривите се губат високо овие птици - гласници патуваат далеку до хоризонтот во едно стопени нашите силуети ги гледаме, а ние се уште тука, се уште залепени врз масната површина на водениот град, седиме. До кога ќе биде присутен, го прашуваме, а тој започна да се движи од своето море кон Северното Море. Нејзините прозорци Последен поглед му праќаме на градот од прозорецот легнат врз градини и гладиоли. Тоа некој заминува конечно, во водената гробница на напуштањето на своето житие, кон слепото устие, на населената делта и ни шепоти да го затвориме прозорецот и да го обновиме сеќавањето, некогаш кога сосема ќе нè нема присутни и живи за да можеме повторно да влеземе во икрата на враќањето. ИЗМАМАТА НА ВЕНЕЦИЈА Таа не е таа, ами разложен маж, што се преправа како жена. Низ улиците неговото тело се цеди сите течни состојби ги стискаат неговите внатрешни органи - куќи и сите ние таму стаени во стаклената топка на неговиот лавиринт замаени. ДНЕВНИКОТ НА СИДРА 1 ден Овде сè е поинаку отколку на земјата. Сè е во движење, во непрестајно движење. Ништо не е конечно во местото на неговото постоење, предметите се поместуваат и заземаат нови места, чашите ни се лизгаат од рацете, во мигот кога ги принесуваме до усните, бакнежите ни бегаат во просторот и ние трчаме по нив и кога мислиме дека сме ги фатиле, тие паѓаат во водата, а дслфините во скок ги фаќаат и ги голтаат. Сè ни се губи од дофатот, од погледот. А кога одиме да легнеме постелите се лулаат под нашите тела и водата под нас ни помага повторно да се најдеме и да се доближиме и да влеземе во нашите длабочини. 2ден Еве сум повторно на палубата сите нешто работаат денот е топол, а сонцето е некаде на друга страна од онаа, што мислев дека треба да биде. Тој е на највисоката палуба и сакам да се искачам. Има многу скали по кои треба да одам за да стигнам до него. Некое мало ветре допира до мене, мислам дека е тоа само звук, предзнак на ветер, предветер. И одам по скалите да стигнам до него. И колку се искачувам толку ветерот станува сè посилен. Тешко доаѓам, а тој ми ја подава раката, ме крева брзо и лесно до него, ми ја стега половината и ми шепоти во увото: осо, осо, можам да ти ја скршам оваа мала коска на 'рбетот. 3 ден Нешто чудно се случува со ветерот и со сонцето, му велам на Сион. Тоа не е ништо, ние влегуваме во геометријата. Сè е сега сместено во агли и степени, „Розалија“ и сите ние сме одредени во нашиот азимут. Враќање нема. Се движиме во круг, му велам. Тоа не е ништо, така треба да биде. Во средината на тој круг треба да стигнеме, во неговата мртва точка, каде што сè мирува и потоа да се спуштиме во најдлабоката длабочина и да стигнеме до самите нас и ти и јас, до самиот почеток, до местото од каде сме дошле, до твоето име, до откривањето на енигмата, до сè што е пранас. 4ден Ова е страшно откритие. Дојдов до него во мигот кога сфатив дека тој ова го знаел и пред да тргнеме. Тој знаел дека треба да се загубиме. Да оставиме сè, да напуштиме сè и да му го вратиме почетокот на нашите загубени животи. Да загубиме сè, е условот, ми вели Сион, за да дојдеме до вистинското откритие, за првиот пат на „Розалија“, за нејзиното прво отпловување и за нејзиното потонување. 5 ден Ова е одредено, си мислам без страв. Ние ја следиме судбината на „Розалија“ што се повторува. Само, кои сме ние отпловувачи по ред качени сега на овој брод, си мислам и дали има надеж за нас да дојдеме до судбината на бродот, до судбината на оние пред нас што се качиле и што отпловиле. 6 ден Сега знам, ние треба да отпловиме за да дојдеме до првите отпловувачи на „Розалија“, до првите наши постоења, до нашите први тела, пред нас што го доживеале овој пат, по кој што сега ние одиме, ова бродење - по коешто ние бродиме. 7 ден Ветрот е се посилен тој сосема видливо не врти во круг. Сион и јас на палубата сме во игра занесени. Музиката ечи во нашите уши. И веќе не знаеме дали силата на ветерот не врти или нашиот занес од играта. Се посилно и посилно во кругот не спушта надолу, во мекото тонење на водата што се трга пред нашите занесени тела. Ние тонеме во најдлабоката длабочина и онемуваме од ладните допири на неоткриените пространства што се распластуваат од топлината на нашите живи тела СОВЛАДУВАЊЕ НА ТЕЛАТА 1. Си ги мериме деловите на нашите тела: твоите нозе со моите нозе, твоите бедра со моите бедра, одиме малу погоре до темните триаголници до испапчените штитници до топлата темнина, запираме тука очајно, до кутивчето за накит. 2. Си ги мериме деловите на нашите тела: твојот папок од долгата далечина го довикува мојот папок застануваме застрашени од меките полиња што не повикуваат да одиме погоре до твоите задскриени гради во шумата од мали гранчиња до отворените доксати на топлите млечни полиња. 3. Си ги мериме деловите на нашите тела вратот со вратот, рака со рака, дланка со дланка Моите прсти загубени во твоите се шетаат по видливите патишта на твојата дланка, одат да го најдат претскажувањето и закажувањето на усните. Им се доближуваме на очите, тие се гледаат око во око, трепките се мешаат и тука запира намерата, а продолжува претскажувачката линија на дланката 4. Го отвораме кутивчето со накити. Твоите бисери од него се ронат. ДВИЖЕЊАТА НА НЕШТАТА Далеку е сега сè. Топлиот допир од твојата рака, долгиот поглед низ кристалите што се ронат и здивот врз погледот што прави сенка далечен звук е нема свирка. Дождот по кожата потопи спрема. Во далечината заборавените куќи нови пејзажи ги демнат. Магла е од прав и звуци врз раширените раце, а бродовите меѓу прстите тонат. Далеку е сега сè. Спомени, дамнешната врева во планината се слева и тешкиот збор замина, нè тишти. Сама, без другиот поглед останувам испружена врз телото на пожолтената трева. ФРАГМЕНТ ОД РАЗГОВОР 1. Еден ден ќе ме видиш онаква каква што сум и ќе бидеш несреќен, како што сум и јас несреќна сега. Му рече жената и замина. Тој ја гледа како се оддалечува, низ зеленото жито - со шапката на глава и таа слика му го исполнува срцето со среќа. 2. „Ова е богатство што никогаш нема да биде потрошено: среброто на водата под светлината на месечината“ и рече човекот на жената што се спремаше да замине. Таа се загледа во богатството што не се троши и остана. 3. Човекот го доближи усните до увото на жената: „Просторот е во сликите на сликарите, протокот на времето е во песните на поетите. Музиката обединува сè,“ рече и ја бакна во увото. 4. „Движењата се измислени од луѓето, а луѓето се измислени од движењата,“ им рече старецот и замина по патот без да се движи. 5. Кога дојде писмото никој не сакаше да го отвори. Тоа започна само да се чита Воздухот беше полн со непознати зборови. Жената ги толкуваше преку срцето, мажот преку рацете. 6. „Го допирам светот“ £ рече човекот на жената и скокна во водата. Доплива до неа и се нурна во влажните делови на нејзиното тело. 7. Ние само мислиме дека постоиме, му рече жената на мажот. Нашите тела се на други места, а ние пренесуваме пораки. Мажот ја гледаше и £ шепотеше: „Јас сум еден од пренесувачите“. 8. Допри ме, кога ти е најлесно да ме оставиш. ¥ рече мажот на жената и замина. Таа го гледа како се оддалечува низ зеленото жито со шапката на глава и таа слика £ го исполнува срцето со среќа. КАНОБА* Ми ја подаде вазата и ми рече: Од неа немој вода да пиеш, од неа немој ништо да земаш. Во неа немој вода да тураш, во неа немој плодови да редиш. Само понекогаш доближи ја до тебе кога спиеш сама. Гушни ја со рацете, стисни ја до градите, налегни ја ако можеш, отвори ги ноздринките, очите, ушите, усните, сите видливи и невидливи отвори на твоето тело отвори ги, и вдиши длабоко, најдлабоко, колку што можеш, да ти влезат најситните прашинки од моето тело. Ми рече непознатиот човек додека ми ја подаваше етрурската ваза Го прашав: каква е оваа ваза. Во неа е пепелта на моето мртво тело. 2. Ти ја носам канобата и ја оставам пред твојата врата. Жените ме гледаат од ѕидовите на куќите и како што ме гледаат така се осветлуваат. Им се бришат цртите на нивните лица: им се разлеваат очите во носот, носот, во устата, во брадата, се им се слева кон вратот и телата сокриени во витките на ншните фустани бели. Допирот со надворешниот воздух ги брише од неговиот живот сите други жени. 3. Влегува во вазата доброволно, самоволно. Го вади срцето од градите и градите. Ги става удобно да им биде. Во телото на вазата ги мести своите утробни органи и еден по еден ги покажува, ги бележи пред од нив да се оддели. Со капакот ги затвора и збогум му вели на се што му беше живо и земно. 4. Ја носи својата каноба и ја бара жената во идното време. 5. Ја наоѓа како спие во креветот на неговата мајка. Мајка му е се уште жива и и раскажува на жената за синот, што самиот се смести во фамилијарната каноба. 6. Жената зема молив и хартија и пишува песни за етрурската каноба. Околу неа се шири мирис на изгорена земја од запалени свеќи. 7. Каде е вазата го прашува жената човекот, што помина крај неа. Тој само ја гледаше и плачеше. Таа ништо не разбираше. Само ги следев упатствата од книгата, си мислеше жената, а таму за солзите немаше ништо. * КАНОБА - ВО ЕТРУРСКИОТ ОБИЧАЈ, ТЕРАКОТНА ВАЗА ЗА УРНА. КОНОБА - ВО ЕГИПЕТСКИОТ ОБИЧАЈ, ТЕРАКОТНА ВАЗА ЗА УРНА. ПОСЛЕДНОТО ЗАМИНУВАЊЕ Низ замислата се движиме; се преправаме дека живееме тука, се преправаме дека ги знаеме улиците тука, се преправаме дека кафеаната во која седиме тука е само на пет чекори од нашиот дом што е тука дека секој ден влегуваме во дуќаните тука дека купуваме кифли и колачи секој ден тука дека спиеме во истиот кревет тука со денови, со месеци, со години тука се преправаме дека заминуваме и остануваме тука. ИМЕНКА СО СЕМКА И БОЛКА 1. Ти и Јас... ветерот низ ходниците нашата соба ја бара, Ти и Јас... наоколу тропка, грепка по вратите мисли: тука сме некаде Ти и Јас... излегува надвор ги бара прозорците ги отвора џамовите, Ти и Јас... ги затвораме отворените процепи, ги бара заборавените да влезе во нашата јама, во нашата штама, во чадот на мислата во суштината сама, на спојувањата, Ти и Јас... и далечни звуци, состојби непостоечки на надворешни манифестации, Ти и Јас... ловиме разглобени сознанија со нови. Луѓето го следат ветерот Ја најдоа нашата соба. Ти и Јас... вовлечени под површината на Лицитарското Езеро, во конечни, дефинитивни слики, на стаклени ѕвона, сосема, сосема оддалечени. Рацете ни се сплетени, а телата ни лебдат во воздухот, под нас е постела од сол и млеко, а уште под - земјата што не чека. Нема да и кажеме дека сме дошле до некои сосема ненадејни откритија, додека лебдиме во далечната среќа - не за довека. 3. Слегуваме по скали на возбудени жбунки, во градината е свет што непрестајно се множи. Сево ова ни се пласти по влажните кожи тие растенија, плодови и самрак. Во залезот на сонцето сентименталната атмосфера не бележи во именка од семки и болки. Сè станува едноставно и неизбежно, враќањето ни е далечни морници, остануваме долго во тие хоботници. Ти и Јас плодови залепени во градината на патеки што вечноста ни ги освети. 4. Ништо веќе не ми е толку далечно како утринскиот звук на празничните ѕвона. Ти само со рака по косата ми испишуваш знаења дека одзвукот на празничните ѕвона станува се поблизок дека неговата опомена се уште наредува и владее во далечните агли на заборавената свест и дека еден од нас мора прв да замине во тие одѕвони од камбани, во нашите одделени куќи од мека кора. 5. Не се ова утрински птици што денот го вестат. Тоа се само утки со нивните лица - тутки што како икри во воздухот се мрестат. Продолжи да ги броиш нивните икри тие се воздушни риби што нови создаваат збрки, дека е денот близу и дека сонот треба да ни го фатат. Не се тоа тие птици што разделбата ни ја местат, сиве овие лаги утрото ги одминува. Влезени сме во замка од разделба и неизбежните ветувања, а тоа е поради ноќта што е сосема куса, покуса од нашите навлегувања. 6. Знам, дека спијам длабоко само раката твоја ме милува широко: по замрзнатите карпи, по моите оставени коски по плачот во грч од босилекот во косата што сега ме шкропи - дождот ли е тоа што бавно ромори или исцедената сапуница од твојата благословена волница? 7. Во маглата конечно сме сами. Самотијата е чувство на игра во тек и сосема во нас длабока е некоја влага, граници и тага. Се провлекуваме тивко низ влагата слојна Ги разместуваме куќите и улиците стари по редоследот на среќата. Ништо не ни е недостапно, ништо не ни е невозможно додека ружите во маглата ни се множат нивното слатко трње во мирисот од кожите ни влегува со крцкањето на магливата добрина. Тука сме сами во овој сив снег од нанес и ладовина додека телата ни стануваат конечна теракотна глина. ГЛАСОТ ШТО ГО СЛУШНАВ Заминаа сите. Остануваме само ти и јас, пред отворената порта на морето. Влегува оваа длабока темнина во порите, во сите блиски места, во процепот на нашите тела. Се спушта звукот на бранот во зборот што не мачи - дали некогаш повторно ќе ја допреме оваа длабочина, оваа песочина, овој спомен за настанот случен сосема ненадејно во неочекуваната далечина. ОСТАНУВАШ Дојдов само да го затворам пенкалото и ја оставам недовршена песната во која те гледам: ти стоиш како осамен остров во моите сеќавања на северните води. ПРЕДМЕТИ Се вселуваме наврапито во просторот на планини од картонски кутии во дел од една голема кутија ги распоредуваме предметите, работите од еден друг простор, од едно друго живеење и влегуваме во новото откривање на предметите. Тие тука живеат поинаку. Се наметнуваат се наддаваат во новиот ред на идното живеење, сосема удобно се сместуваат воноватадолина на картонската кутија. Собирање: Нивната бројност застрашувачка: ги собирам еден по еден низ раката се прелеваат во линијадрага гтледам во нив како во ноќ мачка, за повторно да ги сместам на некое ново место се грижам да не ги фати влага, да не би се скрши некоја чаша, вазна, шише ги местам во кутија длабока, мрачна ги покривам грижно со капаците крајни ги испраќам низ градот. Кружи овој конвој до новото место и еден по еден повторно се прелеваат линиите драги преку мојата рака Ги отварам и ги сложувам во новиотред. Нивната бројка е застрашувачка гледам во нив како во ноќ мачка. Пребројување: Колку се единствени овие линии овие некогаш извлеченислики врз нежната површина мазна, како прв пат да ги гледам од денот кога прв пат ги видов и навлегуваат мекотие врз пората на отвореното око. Еве ги овие некогашни години легнати во кревети насеќавања. Оваа поплава од вратени допири се шират низ новите простори. Сега се тие сосема присутни. Нивната бројност е застрашувачка гледам во нив како во ноќ мачка. Ширење: Пливам низ овие бранови низ овој втренчен океан збран во новата соба се пробивам низ бурата што не се поместува, а само нескротливо се шири. И како ги разместувам тие се повеќе се множат извираат од капките на невидливата вода кристалите на солта се лепат под фустанот на мојата кожа. Уште малку и сосема ќе бидам штавена жива, оставена, во нивната бројност застрашувачка гледам во нив како во ноќ мачка. Разместување: Секој добива свој ореол што јасно се гледа. Извираат и од мене допираат нечуените досега звуци на нивните внатрешни животи. Сосема јасно ја разоткривам оваазавера во разместениот распоред оддамна. Тие се поместени одона што пред ова беше. Но како ли се криеше целата оваа збрка, а да не можам даја видам. Дали се тие сега нешто друго, во нивната бројност застрашувачка гледам во нив како во ноќ мачка. Откривање: Полека ги откривам нивнитеартерии, вени, мисли. Дамарите во нив сосема поинаку чукаат. Тоа е одѕвон во окото во допирот со раката, тие се некоја нова спојка наона што беше е и ќе биде после сè, во нивната бројност застрашувачка гледам во нив како во ноќ мачка. Средување: Врз светлата смеса на прозорецот се наредени. Зад нив страчка во гнездото се гнезди. Се страка нејзиниот опаш во црно и бело, меѓу срчата на чашата проѕирна и темното грне полно со индиска смола. Во некој невидлив миг таа го допира просторот што ги дели и прелетува низ собата заскитана во нивната бројност застрашувачка гледам во нив како во ноќ мачка А таа кружи со проѕирните прошетки на природата во густото лепило на слободата и сосема е зачудена младата страчка од нивната бројност застрашувачка гледам во нив како во ноќ мачка. Навлегување: Во мозаикот рибата - ружа го стега првиот порив да излезе од несоздадената рамка и да навлезе во примамливата длабочина зад неа што се мрести ги фрла икрите врз главите на децата врз нивните сладоледни топки суво грозје и сусам измамата е што ја пресоздава оваа вкочанета, набабрена риба сместена и потпрена само врз тенкото стакло на прозорецот и едно скришно движење може да ја помести од нивната бројност застрашувачка гледам во нив како во ноќ мачка. Опрашување: Зашто има токлу прашина во оваа куќа во ова ново живеалиште се прашувам додекаупорно им се приближувам на прашинките на меките свилени семиња одтополи на нивната пердувеста мека тајна сокриена од сите времиња и дојдена дури до мене сега во ова ново живеалиште меѓу нивната бројност застрашувачка гледам во нив како во ноќ мачка. Прелетување: Прелетуваат птици голабици, врапци и мали нежни полиња вон од овој отворен капак од оваа кутија од пандорините караници бегаат овие суштества пердувести врз просторот во долината растреперена се поместува таа пејсажна слика и се е толку променливо се етолкузбликнато од сопственото будење од моето непремостливо чудење внатре во нивната бројност застрашувачка гледам во нив како во ноќ мачка. МИНАТО ВРЕМЕ Последно од сè што остана е она што мина неповторливото време таму е сместена фино една длабочина нема и сега како од неа сè да се зема и ние од таму што мислевме дека стигнавме онаму од онаастрана на последното од сè што нè одмина - времето што ни мина. ВОДИЧ НА ВИСОКИ ПЛАНИНИ Допирите на шумите во Пацифичките води, таа студија за божемните наоди, за нашата непроменета љубов во срцето на далечниот костреш, во длабокиот засек на планините направен од бодеж свенатасенка на едноумна коприна - свила, знак и обид да се врати сепак таа задушена темнина во допирот со усните чашата со вода кога се пие жедно, а надвор сè уште се пластат бели снегулки снежно, снежно, врз зачнатите треви на Скопска Црна Гора се гори тој зачеток нежно. РУЧЕКОТ НА ЉУБОВНИЦИТЕ Во малиот стан со слабо греење и со величествен поглед на паркот: стари дрвја, птици, водоскоци, цвеќе со скржави бои. Сите овие слики влегуваат низ прозорецот, се сместуваат на масата, врз којаТој со голем нож го сече зарзаватот, зафатен од есенските слани. Успешно ги мести воземјенатава и ги реди во загреаната рерна. Таа, не се обидува да му помогне, до него премалена и задоволна седи. Го гали нежно под закопчаната кошула, кожата му е мека и под неа е неговото обло тело: „само уште сосот да го прелијам“ ја бакнува во вратот. Овој оброк е право чудо: во него учествува блискиот жагор на градот, водата што однапред им иде на уста, меките сенки по ѕидот, трпното ладно и авионот што им го надлетува станот. ИЛУЗИЈА 1. Мислев дека му припаѓам на светот сега што го знам за да го препознаам и да го засакам сега мислам дека ми припаѓа тој свет што го знам за да го препознаам и да го засакам мислам дека ми припаѓа денот кога е роден светот сега мислам дека е тоа многу далеку кога се уште бил светот на непознатото сега миелам дека непознатото е тука близу, сосема сега е тоа некоја многу подвижна рака што е во крвотокот се движи во ветрот сега влегува мислам тој ветер очите на ветерот влегуваат сега сосема во една важна вазна во која свенува цвеќето од една полјана сега, Сè е возможно мислам. 2. Да го сакам животот сега и да мислам дека и тој мене ме сака е како да играм игра на отварање карти сега тоа е како измама во која влегува какозалог: кожата - коските - косата ноктите - свежината - соблазната раката-ракот облакот облеката - одлуката - остроумноста сега залог е за тестаментот на времето низ кое поминувам сама - сосема обуена-собуена во соноттаму сега се множат инсекти разни сега таму се јадат умрените од живите што се Сè уште живи сега ова е олеснителна околност да можам да се разбудам во мирниот кревет недопрен од сонот од кошмарот сега и да мислам дека сè уште има надеж заживите далеку сосема од заканите. на умрените сега да мислам дека ми се. насмеала среќата-сега да мислам да £ се поклонам на денешнинава ненадејна-очајна сега ако ме прими ваква каква што сум со „шамиче покриена“ спремна за плачење сега. 3. И така сè станува кул во време кога не може да се спие мирно, а да се мисли дека и тоа е кул да се спие мирно закана во која оправдување е помислата на кул да се спие мирно возможно во некој друг сон кон кревет од ненаправени кревети на постела во поле од лисја кул е лисја да го прават полето постела врз неа да паѓа дожд - далга - ден - деноноќие да паѓа се во помисла да биде кул е одгласие на нешта одамна сосема секавично што станува кул и нема објаснување врз сè што до сега било различно, зарем е кул сè што до сега било разумно ако се раслојува во кул едноставно објаснување е сега овој изблик на среќа - несреќа кул е да бидам будна во време кога се спие - пие - мие - ветерот од својата сенка и сенки е кул идеја на непостоење - немислење - неживеење - не облекување - не соблекување кул е да се култизира некултното секојдневие кул е тоа сè. 4. Ни ем, ни за есега прашање на совршенство - созревање, соочување, сонување како далга во еребица збрана и слета сама на езерската широчина возможна ли е таа слика сега ако знам дека се ловеше некогаш во Катлановското блато на Кумановските брда некогаш пред да се стигне таму-во Куманово а не се стигаше ловот беше пред да се стигне еребица, препелица, камењарка, можен зајак во морков - лорбер - кромид бело вино далечино - далечино - месечино обожувана од една религија сосема сега присутна каде се утрата и ловџиските кучиња и ловџиите и калта од Катлановското блато тоа далечно злато истечено од водата од славините во цевките, во далечините во изблиците на заборавените млацкања - зајак - морков, кромид - вино злато. 5. И овој безмилосен ветер што иде и се меша во загубените извори со киселоводните промени гнездата ненаправени за загубените страчки само една грачи насимсот осамена ја бара својата љубена загубена водолгатазима набурниответер што иде да ја разбрка зимата што таа не сака да замине а дрвјата ги испуштија младите лисја ја озвучија сенката врз земјата и како е да се смири овој порој од замешани времиња годишни се сменуваат ли така бучно - хучно додека мирно во млакоста заостаната се лулкаат сè уште закопаните мисли - размисли за силата на ветерот единствена што од Шара доаѓа нашата сила единствена дали може да се разлисти овој брз - ветер врз мислата што спокојно заспива - дреме во пладне после обилен ручек Надвор заминува Велигден до еден иден ден. 6. А така започна сè ненадејно во чаша со коантро - мраз и слатка лелеавост од мирис - мандарини сегменти од мента од слатки сни за далечните земји во кои останале само спомени на далечни поети - жени сини-бели Каде е сега таа пред многу години оставена недела кога се откриваа згаснатите вулкани Тие ерупции неодминливи во сликата на пејсажите отворени кон океанот - окото оставено таму постојано штострелка е само сега клепка што клепнува во изнурената далечина привидна смирувачка е оваа неодгледана сопирачка во свеста далечна додека си течат познатите приказни - сказни за одбегнатите денови-ноќи- огномети-ветромети сместени ненадејно Тие што не изненадуваат-засрамуваат Зарем не сите? ТИ на Д. Б. Единственото зеленило наживотот е тоа злато што го имаш создадено во длабоката магма на мозочната штама тој непоколеблив, непоткуплив извор од денови и ноќи збрани врз воздушните погледи, врз сè што ти пречи да дојдеш до невидливиот шепот на илјадното лисје од далечната шума - стаена во времето на твоите светлогледи на твоите сончогледи никнати од тлото на земното злато. ВЕСТ Ако сакаш да излезеш од дома, одиш кон излезот од куќата, но не можеш да излезеш. Одиш кон другата врата и кон другите врати, гледаш сите се затворени. Се упатуваш кон прозорците. Еден по еден, се обидуваш да ги отвориш. Одиш кон малите прозорци од бањата и од WC-то, но и тие се затворени. Се упатуваш кон решетките од гаражата, низ нив не можеш да се провнеш и тогаш забележуваш една ненамерна дупка во ѕидот низ која што поминуваш. Се наоѓаш на улица и одиш кон продавницата од која што секој ден купуваш леб. Гледаш дека таму е сега дуќан на некој чевлар. Одиш кон поранешниот дуќан на чевларот, мислејќи дека е таму лебарницата, но таму е сега фотокопирница. Во фотокопирницата фотокопираат венчаници, листови за родени и посмртници. Ја здогледуваш твојата посмртница со твоето име и презиме и со другите податоци, кои го потврдуваат твоето умирање. Избезумено трчаш кон куќата и сакаш да и побегнеш на веста за твоето потврдено умирање. Се упатуваш кон портата таа е затворена. Се обидуваш да влезеш од другите врати, но не ти успева. Ги проверуваш по ред прозорците и тие не те пропуштаат. Доаѓаш до решетките на гаражата, не можеш да се провнеш низ нив. Се сеќаваш на дупката во ѕидот од којашто излезе. Таа е сега намерно затворена. Остануваш надвор без леб, а ветерот како есенски лисје врз тебе ги пласти лиетовите од фотокопирницата. КАДЕ СЕ ТИЕ СЕГА 1. Овие загубени жени нивните имиња испишани и одненадеж. Каде се тие сега? Се прашуваат најнапред бегло нивните роднини, пријатели, сопрузи, љубовници Овие загубени жени се во некое ново,друго легло? Со нови роднини? Нови пријатели? Нови сопрузи? Нови љубовници? Овие загубени жени Каде се тие сега од како сè во животот им се случи Нешто им влегло- јанѕа? И сè им избега. 2. Дали сè им избега? Исчезна во „загатки што можат сами дасе бранат, загатки што не можат да бидат откриени“ )1 без трага во други животи одпластени од зад закопаната трага. Зошто го оставија дотогашното? Зошто заминаа наврапито: без збогум, без созвучје на сегашното? Сите тие мали големи жени сега во некои други места сокриени од минатото на поранешните животи го наоѓаат ли повторно почетокот на „загатки што можат сами да се бранат, загатки што не можат да бидат откриени“ *Норман О Брајан: "Апокалипса" 3. Не помислуваат на жалта, болката, радоста, тагата, на оставените. Не помислуваат ли некогаш во нивните нови легла на таа исчезната слика од свеста на минатото. Минатото - Одминатото во кое, без кое некои и не можат да го живеат животот, сегашното. Каква леснотија каква убава препорака крие исчезнувањето на жените без трага. Сè така лесно дасе измие со еден замав со плискот на рака. 4. Овие „загатки што може сами да се бранат, загатки што не можат да бидат откриени“ заштитата им е ненадејна во ова нивно сега. Колку е среќна околноста што навлегле во нови пространства, во земји, во кои се уште живее Алиса, нивната посестрима нема да ги заборави кога повторно се враќа таму од каде што замина, а тие си остануваат во нивнитечуда во таа ново откриена плима. 5. Кога тие заминуваат под мишка, во рака, во папка, го кријат Луис Карол. Сместени се потајно во неговиот ореол, блескаат во новите животи, со светлини непознати тие некогашни мали слатки жени, во скрб ги оставија сите удобности, угодности, што им беа дадени и дали сегашното сега за нив е трајно, или пак и пак бесконечно продолжува трката по зајакот немирен-брзоног неранимајко што бега. 6. Навлезени се во нови мапи, шетаат по изохипсите на непознатото со нова љубов и нови сознанија што се распластени од минатото. Колку им помага минатото? Дали е сè заборавено од „загатките што може сами да се бранат загатки што не можат да бидат откриени“ во сонот на Алиса се, трајно, без трага за сегашното што е на друго место. Места блажени - сокриени. 7. Се распластуваат новите судбини со измислици разни. Се донесуваат заклучоци лабави и празни. Нив веќе тоа не ги засега зашто нивните животи започнати се од сега, од мигот на неочекуваното исчезнување. Ги води со погледи белиотзајак во иднината нова во „загатки што може сами да се бранат, загатки што не може да бидат откриени“. 8. И рибите ноќе скокаат вгледани во трепетот на ѕвездите мислејки дека се инсекти леки кои ќе ги нахранат нивните гладни утроби меки, мислејќи дека се лесен плен за нивните прецизни јазици за нивните прецизни одзвуци на осамените срца воноќитезвучни. Ова нема да им се случи на исчезнатите жени грешки на ноќен скок од бистрата вода тиесе „загатки што може самите да се бранат, загатки што не може да бидат откриени“ сјајот на ѕвездите е минато од него тие се добро сокриени. 9. Во утробите на поминатите мажи се слеваат спомени, повици, потраги од жените заминати без траги. Ги пребаруваат нивните креденци, плакари, малите кутивчиња врз кои се пластела повеќегодишна прашина ги отвараат и ѕиркаат во нивните содржини неуловливи, предмети без знаење, што се оставени во одненадеж бегање ја бараат смислата на нивното заминување. Оваа логика неодгатлива е во „загатки што може самите да се бранат загатки што не може да бидат откриени“ Жени, жени, жени. ЖЕНСКО ТЕЛО Тело што раѓа друго тело од семка од сопствената бемка, од заскитаниот миг од сосема поминатото време, едно заборавено доближување ги враќа на неизбежно соочување, со датумот со нештата што дотогаш не биле на ум. Го враќа на вртење на календари и откривање на денот што треба да се случи: од женското тело, да излезе друго суштество розово, бело. ОТВОРАЊЕ ПАСИЈАНС во спомен на Мама 1. Океанот е клуч за совладување на сонот светот на непознатото што само пасијансот може во мирно мартовско претпладне, пладне речиси да ми помогне ненадејно во тоа неизбежно нуркање, редослед на пик, треф нежен грев да се следи патот отворен со невидливиот клуч на океанот, во мене бранот се движи: дама, крал, џандар далеку во мене се, со мене сама. 2. Некоја безначајна бројка навидум, се појавува за да раздели, а потоа попот како прв излегува во движење, ред на затворени карти, претчувство и блага опомена на попот за помен на нејзиното име, последната потреба е во загубената дама што ги држи стутканите конци во рацете сплетени до крајот на играта. Сè езатворено. Пасијансот не е отворен сега, станува јасно дека тоа нема да се случи. Прашањето е во дамата што неочекувано бега. 3. Се меша шпилот за да се дојде до магичната бројка, што може да му помогне на пасијансот да биде отворен. Излегува тројка. Неизвесноста полека се движи се бранува, чувството за исполнување на скриената желба далечниот сон дека океанот е клуч за совладување на светот на непознатото, што само пасијансот може да го отвори без двоумење, видливо, допирливо, тоа бранување на океанот. 4. Врз мапата на „Deutschland“ го откривам големото присуство на „burg“ во крајот на имињата, на градовите. Да се видат овие места врз мапата мирно сместени, да се види нивното невидливо движење врз изохипсите на мапата да се внесе невидливиот поглед во далечината загубена една мала тројка херц ме опоменува: сè е можно во отворањето на ова срце, во отворањето на движењето неочекуваниот океан во шпилот намекиотдопир со шепот: gente. gente! 5. Стои тој предизвик „Gioia“ ме вика со немуштиот повик на погледот светлото око на непознатата жена се движи кон мене во штотуку појавената месечевамена да навлезам во таа скаменета насмевка блага и да го допрам сето тоа преку овој зарез врз пластиката расцепена и паѓање на „gente“ тука пред мене оваа случка драга шпил од карти и идниот пасијанс океанот-клучот по една зацртана трага. 6. Солена глава на слон пред мене паѓа. Стипса. Се распаѓа мојата љубовна желба, речиси тага, пред овој настан околу вратот се ниша портокаловиот слон неговата длабока верност се движи во мекото шушкање на пасијансот. Се отвора бавно невидливата трага, одот, стапалото смерно врз бранот на океанот клучот на мојата потрага. 7. Бесконечен, вечен, озвучен, затворен се движи нежно со повторени, веќе сторени намери, сказни, далечниот шепот се јавува врз површината на шпилот. Ги мазни овие играчки додека пред прозорецот повторно го гнездат гнездото киселоводните страчки и еве, се отвора пасијансот за да ми потврди, рече, одрече една слика за океанот во мене што се таи клучот и пасијансот што сака да ме замаи да ми го одземе денот од притаените одаи. 8. Дали да се запре не седумката што пасијансот го одредува за се она што во иднината следува со заклучоци и конечно:спроведувања додека се наоколу се бранува надвор од овој одреден простор од овој затворен круг на шпилот што го повторува секогаш во друга состојба во друго насетување далеку од бранот на океанот, од неговото невидливо набљудување. ОТКРИВАЊЕ НА УБАВИНАТА Да кажеш - убава за жена што ја љубиш, а при тоа да мислиш на убавината која што поминува, на светлината од младите години, што заминува на меката допирлива кожа што полека истрајно се згужвува под погледот што се забележува, Да ѝ кажеш на жената што ја љубиш дека е убава, а при тоа ги знаеш последиците од таквата изјава значи дека откриваш - Таа е сосема поинаква. БАКНЕЖ ЗА ЗАМИНУВАЊЕ Туку така го спушти ладниот бакнеж врз нејзиното лице- туку така повтори жената и тој го спушти повторно ладниотбакнеж врз нејзиното лице туку така повторуваше жената додека мажот се оддалечуваше заминуваше и таа не знаеше кога повторно ќе го види туку така повторуваше жената, а тој заминуваше без завртување без погледнување туку така ги повторуваше нејзините зборови мажот што си заминуваше токмну така. СВЕТИ АРХАНГЕЛ МИХАИЛ Првиот ангел од првата љубов од првиот врв од првиот цут на црешата Првиот меѓу сите чуварот, клучарот, љубовникот Првиот ангел од прватаљубов непорочниот, загадочниот, љубовникот на бестелесните на небесните длабочини - во твоите клепки протоплазма, спазма втоната во височини на твојата планина шума невидливата круна на нашата приказна за недопрените, ненасетените треви на нашите полиња, спили во сите сеќавања неосвоени мили, мили, мили. Ти бездушен, а пак во нас со своите невидливи сили. ДА НЕ ЗНАЕШ ЗОШТО На Викторија Теодору Да се смееш а да не знаеш зошто Да плачеш а да не знаеш зошто Да ја гризеш јаболката а да не знаеш зошто Да гледаш во сонцето а да не знаеш зошто Да ја чекаш месечината а да не знаеш зошто Да му се доближуваш на морето на сонот, на желбата единствена вечна а да не знаеш зошто да гледаш во бродот, во бродот што заминува а да не знаеш зошто заминува без тебе а да не знаеш зошто, е како да копаш дупка во земјата а да не знаеш зошто. ПАТИШТАТА НА ДУШАТА И додека го завршувам текстот и додека ги споменувам патиштата на душата, еден силен ветар од Шара влегува внатре во сувиот воздух на собата. Се вклучува сам од себе телевизорот и одекнува од етер далечната песна на малите ангелчиња со скрстени ножиња седнати врз облакот насиното небо. Се расплетува песната на херувимските гласови дека таа - душата, се појавува со самракот, во неизбежно друштво со кобата. КОГА ДЕВОЈЧИЊАТА СПИЈАТ Кога девојчињата спијат во куќата, во планината, во собата, во сонот на нивната втоната снежна далечина, а таванот се спушта ниско до клепките на нивните заспани погледи и ги мести сите разместени предмети во утробата на облакот, во близината на небесната широчина, во неочекуваниот заграб на ѕвездите затечени сосема ненадејно Кога девојчињата спијат во куќата, се смирува природата на планината ласиците задремани - втренчени заминуваат во друга куќа, бараат нова осама, мрак, тама. Кога девојчињата спијат во планината во венецот на мракот - го множат денот од самракот. Кога девојчињата спијат во сомотските постели наоблакот и заминува сè од куќата во знакот означен од сонот, од втонатоста на девојчињата во само нивната штама. Врколакот ветер се спушта наврапито во вретено од ружи врз сонот на заспаните девојчиња Тој сака неизмерно во дворот да влезе во сината месечина врз прагот што кружи. Сè и сè да ги подотвори заспаните трепки да се протне низ тунелите - клепки и удобно да го смести своето затемнето око во дното на сонот - тлее со намера е заспаните девојчиња да му станат огледало за да си ја види загубената душа. Врколакот ветер им подава на подарок круша. Диви семки оскоруша. Сè и сè да се протне низ заспаните трепки да му стави крај на проколнатото патување бесконечно и да се насели вечно, во пределот на планината во пределот на слатката височинска суша. ОБИДИ Се обидувам да ги најдам усните за даги бакнам Се обидувам да ја најдам раката за да ја допрам Се обидувам да го најдам окото за да го видам за да ме види И да ми покаже каде се усните за да ги бакнам Каде е раката за да ја допрам Каде е окото за да го видам Окото што не го гледам. НЕПОЗНАТИ ЅВЕРКИ Не она што го зборуваме туку она низ што поминуваме е состојбата што не плаши. Откриваме постоење на непознати ѕверки: диви загадочни злокобни јаросни моќни, ненадејни се нивните појави сосема неочекувани од окружувања далечни, ни се доближуваат до она низ што минуваме, а не она што го зборуваме. Ненадејно се појавуваат Ненадејно се појавуваат од времињата одминати со јарост, со моќта на неоткриени животни непознати ѕверки сега: Во Египет, во ноќни напади во долината на Нил, во Арманат некој, на луѓето им се настрвуваат, загризоци - отцепи - засеци им нанесуваат, овие големи хиени, диви кучињали, салава - женка - врколак, Кој? Се смалуваат задоволствата Се смалуваат задоволствата се скусуваат деновите и ноќните исто така се ограничува можното од неможното од блескавата песочна темнина, убавото: во најтемното од темнината убавото: во најсветлото од светлината се множат нивните стапки смстени во смалувањето ограничувањето, скусувањето. Задоволствата од непознатото: се станува непознато - извлечено од минатото. Оваа рака што се движи Оваа рака што се движи врз белиот лист хартија е непозната врз овој лист хартија. Треба да се изведат некои заклучоци од податоци од раката врз малиот лист хартија за појавата на непознатите ѕверови во Египет каде: се движат нивните нови тела, големи хиени - диви кучиња- салава - салави - женки врколаци, бележени со нови знаци. Треба да се повторат Треба да се повторат веќе изречените зборови јарост, моќ,загризоци, отцепи, засеци, салава, салави, женки, врколаци во големата долина на Нил под Каиро, во Арманат се јавуваат и нанесуваат зарези од загризи, засеци овие непознати ѕверови, неодамна побегнати северно од Судан во потрага по храна. Се доближуваат Се доблжуваат непознати диви ѕверови по патиштата песочни, водни. Стигнуваат над нас во длабоките алпски езера ладни. Не се тоа океани со нивните илјадни длабочини, но езера неми мрачни на кои дното им бега во искушенија загадочни каде што нуркачите по загубеното злато удираат во движечки дна блато во непознати чудовишта раздвижени од неочекуваните посети на нуркачките ѕвечки - ѕвона. На источниот дел На источниот дел на северниот Салцбург се движи еден неочекуван нуркач што зел со јазикот на знаците даја впива водата до чудовиштето заспано - врз сопственото тело. Ништо не се случува веќе без да не го возбуди него, чудовиштето заспано врз сликата од потонатото злато. Врз блесокот од внатрешната сенка на стаеното благо, не се слуша звукот на нуркачкото ѕвоно ни сенката што паѓа. На хоризонтот сал „сонцето повторно се раѓа“. Се појавија Се појавија овие ѕверови - чудовишта ненадејно во октомвриската топла височинска соба под покривот од плочи и суво лисје. Овие суштества нови демнат во последните трендафили што под ладната месечина ѕемнат. Мигот ли е за новата прокоба. РОДИТЕЛСКАТА КУКА на Зоран, брат ми Звукот на олукот на комшиската куќа капе како што беше додека идеше пролетта, се сновеше и тогаш таа ноќешна вода дождовница мека низ длабината одамна со временската срма што знае дачека. И ние сме сосема близу до олукот што капе сè уште а нив ги нема - преселени во она што непрестано зема. И ќе им ѕуни ли дождовницата нанашитедеца кога и нас ќе не нема. И звукот на олукот ќе знаат ли да го препознаат, да го одделат од другите звуци, знаци на природата матна- земјата, во нејзината длабочина златна. КРАЈОТ НА СОНУВАЊЕТО Додека спиеме во зедничката постела едно невидливо брдо во средината ги дели нашите соништа, нашите блиски допири, нашите толку достапни тела. Нe можеме да ја сфатиме таа невидлива далечина, додека сè уште со полу отворени очи го фиксираме тоа сосем суштествено присуство кога завршува спиењето и кога му иде крајот на сонувањето. Се будиме заедно еден до друг. Сосема близу сме без присуство на одделеноста од естетиката на сонувањето.